Најголемиот собир на возачки на Harley-Davidson годинава ќе се одржува од 12-ти до 16-ти септември во германскиот град Хамбург. Дамите со големите мотоцикли се собираат по 25-ти пат.
Harley е многу повеќе од мотоцикл. За тоа посебно се грижи Harley Owners Group (H.O.G.), како најголемо светско здружение на сопственици што е подржано од производител на мотоцикл, но и Дамите на Harley или Ladies of Harley. Ова здружение е основано во 1996 година, посебно за дамите што возат Harley.
Европските дами досега се собираа 24 пати под раководство на шефицата Мери и дружењето секогаш минуваше со заедничко возење и забава каква што доликува на куќата. Годинава настанот ќе се одржува меѓу 12-ти и 16-ти септември во Хамбург. Сосем е јасно дека тоа повторно ќе биде најголем собир на возачки на мотоцикл во Европа.
Базниот камп на дамите е Холидеј Ин Хамбург, во северниот дел на пристанишниот град што многумина го споредуваат со Барселона на северот. Возачките ќе ги стартуваат V-Twin моторите на своите мотоциклии ќе направат неколку тури во регионот. Програмата предвидува и „Жежок агол“ (Heiße Ecke), како најуспешен мјузикл на германски јазик на сите времиња, со два милиони посетители досега. Потоа се оди во култниот бар „Cowboy und Indianer“.
https://photos.app.goo.gl/K6WyW9ozHYXMX5V9A
Следниот ден пак има музика, на „Тина“, како единствен мјузикл што го подржува Тина Тарнер. Пејачката Ана Ме Булок ќе се преправи во Тина, во кралицата на рокот, пеејќи наслови од нејзините скромни почетоци во Натбуш, Тенеси.
Во рамките на четиридневниот настан ќе има и посета на застапништвото на Harley во Хамбург Норд, коешто е меѓу најголемите во Германија.
https://www.instagram.com/p/BzkmuYeHnFJ/
















