Штутгарт активира аларм за аерозагаденост, Скопје гради автопатишта

Штутгарт ПМ-аларм аерозагаденост

Протестите на јавноста за планираниот мост до Кале и за подземјата сообраќајница сообраќајница стануваат сé погласни. Во меѓувреме, германскиот град Штутгарт од полноќ го забранува сообраќајот поради прекумерна аерозагаденост со честички гареж, нашите фамозни и рекордерски ПМ-честички

Штутгарт го активираше првиот аларм уште пред официјалниот почеток на сезоната, поради прекумерната загаденост на воздухот со честички гареж. Од 0:00 часот, од понеделник, градот препорачува возачите да ги остават своите автомобилите и да користат јавен превоз. „Сезоната“ обично трае од средината на октомври до средината на април.

Главниот град на сојузната покраина Баден-Виртемберг го покрена алармот за автомобилскиот сообраќај, засега нема утврдено датум до кога ќе важи истиот. Целта на алармот е да се смали загадувањето на атмосферскиот воздух со честички гареж и со азотни оксиди во услови кога се предвидува слабо воздушно струење. Градските власти на овој начин реагираат на прогнозата на државната служба за метеорологија, којашто предвидува слабо воздушно струење за понеделник и вторник.

При прекумерна загаденост со ПМ и азотни оксиди, посебна велосипедска служба во Штутгарт врши бесплатна достава до домовите

При аларм за ситни честички, градот и покраината им препорачуваат на жителите да не ги користат своите автомобили и да се преориентираат на еколошки јавен превоз. Се забранува и ложење камини, коишто не се користат за централно греење, туку служат само како дополнтиелен топлински извор.

Со почетокот на новиот период со прекумерна загаденост со ПМ-честички и азотни оксиди, стартува и новата автобуска линија X1. Брзиот автобуски превоз ги спојува Бад Канштат со централното подрачје на Штутгарт. За повеќе жители да се поттикнат на користење на јавниот превоз во градот, Штутгарт има предвидено дневен билет за денови со аларм, којшто е достапен по мошне поволна цена.

Жителите и вработените во Штутгарт се информираат за актуелните состојби околу аерозагаденоста преку посебна веб-страница:
https://www.stuttgart.de/feinstaubalarm/
https://youtu.be/LsGAXkiNZ1Q

Граѓанската иницијатива Во Одбрана на Дебар Маало, утре (15-ти октомври) повикува на собир против проектите коишто ќе предизвикаат натамошно нарушување на животната средина во Скопје:

Топ 10 Најголеми заблуди околу аерозагаденоста во Македонија

Вистинското возило за загадено Скопје и викенд на Водно

Електричните возила на најтивок, а најгласен собир во Скопје

Зошто користените автомобили станаа толку евтини?

Колку чини лажниот автомобилски луксуз по македонските улици?

Претходна објаваAudi e-tron не е „само“ електричен СУВ
Следна објаваПрвиот салон на Polestar се отвора во Норвешка

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here