Mercedes гради фабрика за батерии во САД

mercedes fabrika baterii sad

Најавата на Mercedes за инвестирање една милијарда долари во фабриката во Таскалуза, Алабама, ги покажува првите резултати. Се гради фабрика за батерии, почнува производството на Mercedes GLE

Mercedes лани најави инвестиција од една милијарда долари во САД, по повод 20-годишнината од отворањето на фабриката во Таскалуза, Алабама. Резултатите веќе се гледаат. Денес од производствените ленти се симна првиот примерок од новата генерација на Mercedes GLE, а паралелно беа поставени и темелите за новата фабрика за производство на батерии за електрични автомобили.

Mercedes GLE

Батериите се наменети за моделите од новата електрична марка EQ. Вкупно шест производствени локации на Daimler низ светот моментно се подготвуваат за производството на EQ-моделите. Батериите за возилата ќе се произведуваат во осум фабрики.

Новата фабрика е оддалечена околу единаесет километри од постоечката фабрика во Таскалуза. Во фабричкиот парк ќе биде сместен и новиот логистички центар, којшто ќе се состои од хала за подготовка на каросериските компоненти и монтажните модули, како и магацин. Стартот се планира за в година.

Mercedes има инвестирано преку шест милијарди долари во фабриката во Таскалуза од отворањето во 1995 година. Со новите погони се отвораат нови 600 работни места.

Претходна објаваPeugeot 508 SW стартува во специјална серија „First Edition“
Следна објаваХоландија стравува од бран евтини дизели од Германија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here