Електричното комбе MAN e-TGE ги најде првите клиенти

man e-tge

Само неколку денови по премиерата во Хановер пристига и првиот голем клиент за електричниот транспортер. MAN e-TGE ќе оди во служба на претпријатието за градски превоз во Берлин

Електричниот транспортер MAN e-TGE 4.140 штотуку ја доживеа својата светска премиера на салонот за товарни возила во Хановер. Се јавија и првите клиенти. Нарачката за четири примероци од електричното комбе пристигна од претпријатието за градски превоз во германската престолнина Берлин, кадешто тоа веројатно ќе се користи како сервисно возило. Фургонот со дозволена вкупна тежина од 3,5 тони постигнува досег до 160 километри, а носивоста изнесува еден тон.

volkswagen e-crafter start
MAN e-TGE е идентичен со Volkswagen e-Crafter, но се повикува на екстра-услугите што ги има марката како специјалист за товарни возила

При користење на полнач со моќност од 7,2 киловати, батеријата се полни за 5,5 часови. Процедурата се скусува значително при користење на брз полнач со CCS-приклучок и моќност од 40 киловати: Во тој случај, чекањето за батеријата да се наполни до 80% трае околу 45 минути. Електромотор со 136 КС ја придвижува предната оска.

MAN e-TGE е идентичен со Volkswagen e-Crafter. Товарната марка повеќе ќе се издвојува од „конкурентот“ од сопствениот концерн со различната организација на логистиката и со пошироката понуда од услуги за клиентите.

Претходна објаваПриватна колекција фолксвагени се продаде за 670.000 евра
Следна објаваPeugeot 508 премиерно пред македонската публика

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here