Тјунинг за BMW преку мобилна апликација

тјунинг Carly, BMW

Мајсторите за мобилни апликации за автомобили сега нудат и тјунинг за моделите на BMW со дизел мотор. Перформансите може да се подобрат до 25%, но апликацијата има и некои други корисни можности

Фирмата Carly, со седиште во Минхен, којашто самата се цени како светски лидер во мобилната авто-електроника, прва нуди андроид апликација за ремапирање на моторот преку мобилен телефон. Апликацијата засега е достапна само за некои модели на BMW со дизел мотор, од сериите 1, 3, 5, 6 и 7, како и за моделите од семејството X.

Софтверот е тестиран половина милион километри во реални услови. Според Carly, спринтот до темпо сто се скусува до 25%, вклучувајќи и подобро забрзување од средни вртежи и побрза реакција, што може да се почувствува најдобро при престигнување.

Тјунинг за помалку од 10 минути и враќање на стандардната конфигурација во секое време

Креаторите ја гледаат предноста на Carly во тоа што нема потреба да се посетува тјунерската работилница. Со телефон и со адаптер, процедурата се завршува за помалку од десет минути. Промените може да се откажат во секое време.

https://www.youtube.com/watch?v=38tkb8P7h90

Со доплата се добива верзија на Carly со којашто се онеспособува брзинскиот граничник или рециркулацијата на издувни гасови. За разлика од обичното премапирање, стандардната конфигурација се враќа лесно и во секој момент. Оваа опција може да биде корисна за возачите кои со своите автомобили посетуваат и тркачка патека, кадешто можат едноставно да ја активираат екстремната конфигурација.

Апликацијата во основа е достапна за модели на BMW произведени меѓу 2003 и 2009 година. Моментно се развиваат верзии и за други марки. Компатибилноста може да се провери бесплатно откако ќе се симне апликацијата за тјунирање.

Цените стартуваат од 160 евра, вклучувајќи посебни кабли и конектор за дијагностика, којшто се поврзува преку OBD-приклучокот.

Carly наведува дека кај BMW серија 5 од генерацијата E60, меѓузабрзувањето од 100 до 200 km/h е скусено од 32,2 секунди на 20,8 секунди (BMW 525d, 2008 година)

Carly во своето портфолио нуди најразлични видови апликации за BMW, Mini, Mercedes, Porsche, VW, Audi, Bentley, Lamborghini, Seat, Skoda и Renault, почнувајќи од дијагностика и следење на параметрите на моторот, до кодирање, регенерација на ДПФ-филтер и проверка на користен автомобил. Моментно се развиваат апликации за останатите марки, коишто ќе бидат достапни до крајот на годинава.

BMW е сам свој тјунер

Претходна објаваOpel Combo Life: Разумната алтернатива за СУВ
Следна објаваContinental ќе произведува гуми од каучук добиен од глуварче

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here