Дизајнерот на Land Rover спасува носорози

land rover носорог гери мекгаверн

Главниот дизајнер на Land Rover, Гери Мекгаверн, креираше една од 15-те скулптури на носорог во Лондон, како дел од акцијата за заштита на овој загрозен животински вид

Британската организација за заштита на природата „Tusk“ направи необична експедиција во знак на заштита на загрозениот африкански носорог и на неговиот природен простор. Во срцето на Лондон од пред неколку денови се наоѓа „Rhino Trail“ или „патеката на носорогот“. Станува збор за 21 скулптури на носорог, коишто се креирани и изработени од светски познати уметници и дизајнери. Една од скулптурите е дело на Гери Мекгаверн, главен дизајнер на Land Rover.

land rover носорог гери мекгаверн 1

Британскиот специјалист за терен веќе 15 години е официјален партнер на „Tusk“ (од заби песјаци, секачи). Носорогот креиран од Мекгаверн ќе биде изложен на Трафалгар Сквер до 22-ри септември. Посебност на скулптурата е завршниот лак, којшто е патент на Land Rover и се нарекува „прскан хром“. Акцијата ќе заврши на светскиот ден на носорогот на 9-ти октомври, кога скулптурите од уникатната изложба ќе бидат понудени на наддавање, со средства наменети за организацијата „Tusk“ и за заштитата на животните во Африка.

Претходна објаваСо Golf V преправен на струја на пат околу светот
Следна објаваАвтобусите на Mercedes со повеќе системи за асистенција и од S-Class

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here