Швајцарија издаде привремена забрана за регистрирање на неколку модели на Porsche. Примероците од овие модели што се веќе регистрирани може да се возат непречено
Скандалот со лажираните вредности на издувните гасови се шири. Швајцарската сојузната служба за патишта побара забрана за регистрирање на неколку модели на Porsche коишто имаат дизел мотори со манипулиран софтвер. Овој недозволен софтвер прикажува примерни вредности кога автомобилот ќе се најде на пробни валци, додека во реалноста е многу повисока емисијата на штетни материи што ги испушта моторот, односно изудвниот систем. Забраната почнува да важи уште во петок.
Оваа строга мерка се изрекува за примероци од Porsche Macan со трилитарски дизел мотор и за Cayenne со 4,2-литарски мотор, исто така дизел. Двата мотора, инаку, ги исполнуваат барањата според нормата Euro 6.
Од забраната се ослобдени примероците од овие модели коишто веќе имаат добиено швајцарски регистерски таблици. Тие може да се возат непречено или да се нудат на пазарот на користени возила. Пред следната регистрација, овие возила сепак ќе мора да посетат сервисна работилница, заради соодветни модификации.
















