Музичката ѕвезда Ашер го означи стартот на Гамбол 3000

гамбол 3000 ашер

Релито за богатите и славните во должина од 3.000 милји официјално стартуваше во Лондон. Музичарот Ашер го одбележа стартот на Гамбол 3000, но внимание привлече и неговиот автомобил – BAC Mono

Популарниот Ашер и автомобилот BAC Mono го привлекоа главното внимание при стартот на релито Гамбол 3000 во Лондон. Повеќекратниот добитник на Греми го избра автомобилот на британската Briggs Automotive Company или кусо BAC за учество на годинешното „фалбаџиско“ рели, коешто има рута од 3.000 милји или над 4.800 километри низ Европа и Азија. Крајното одредиште е Токио.

гамбол 3000 ашер 1

BAC Mono е единствениот едносед којшто може да се регистрира за нормален сообраќај и не изненадува тоа што се најде во центарот на вниманието. Уникатната тркачка машина за по улица стекна уште поголем публицитет со американскиот музичар зад воланот.

Гамбол 3000 годинава завршува во Токио: Во 2007 година, релито имаше кобен исход на пат покрај Струга

Пејачот на ‘U Remind Me’, ‘Yeah’ и ‘Confessions’ е докажан бензински зависник, со огромна и скапоцена колекција од автомобили и мотоцикли. Гамбол 3000 привлекува сé повеќе внимание од година в година, што се потврдува и со сé почестото појавување на најголемите ѕвезди од светската сцена.

https://youtu.be/zmIzBk2Y1PI

Релито завршува на 12-ти август во Токио. Пристигањето на учесниците ќе биде одбележано со богата програма од забави, вечери и јавни настани.

Пред единаесет години, релито водеше покрај Струга, кадешто британскиот државјанин Николас Морли предизвика сообраќајна незгода во којашто загина македонска брачна двојка.

http://www.dailymail.co.uk/news/article-1068776/Killer-drivers-playboy-brother-held-police-120mph-pursuit-Italy.html

Претходна објаваШто имаат заедничко спортисти, дизајнери на видеоигри и работници на Ford?
Следна објаваИндиската Mahindra сака да им продава „џипови“ на Американците

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here