Дитер Цече од Daimler со највисок углед од германските топ-шефови

Дитер Цече, Daimler

Дитер Цече повторно има највисок углед од сите топ-менаџери на најголемите германски компании. Конкуренцијата е веднаш тука, шефот на BMW е веднаш по неговиот колега од Daimler

Германскиот институт за економија Дремер побара од специјализираните новинари од областа да ја оценат репутацијата на шефовите на најголемите германски компании. Угледот се оценуваше преку неколку категории: Компетентност и карактер, стратешка визија, отвореност кон медиумите и симпатија.

Дитер Цече, првиот човек на Daimler, повторно се најде на првото место при рангирањето на репутацијата на германските шефови. Со тоа, првото место практично ѝ припаѓа и на автомобилската индустрија. Второпласираниот Џо Кесер пристига од Siemens, додека трет е Карстен Шпор од Lufthansa.

Тоа што по шефот на концернот што го произведува Mercedes веднаш следи шефот на BMW, Харалд Кригер, како колега на Цече од браншата, докажува дека највредните автомобилски марки од премиум сегментот се натпреваруваат на пазарот, но и со харизмата на своите шефови.

Новинарите имаат високи оцени за менаџерските способности на првиот човек на Daimler

Новинарите особено ги ценат менаџерските квалитети и долгогодишното искуство на Цече. Во своите коментари, тие пишуваат: „Главата на автомобилската индустрија…Цече го врати Daimler на вистинскиот курс, има впечатлива појава и ја докажува својата компетентност и во најделикатните теми.“

Херберт Дис, новиот генерален директор на Volkswagen, стартува добро од 10-то место. Во споредба со својот претходник, Матијас Милер, кој беше заменет поради дизел аферата, Дис има дури и подобар пласман. Милер последниот пат се пласираше на 14-то место.

Како причина за смалениот просечен индекс на репутација на германските шефови се наведува изречениот истражен притвор за шефот на Audi, Харалд Штадлер. Освен новинарите од економската сфера, во оценувањето на репутацијата на шефовите на германските гиганти учествуваат и граѓаните. Според впечатокот меѓу народот, Дитер Цече повторно се пласира на врвот, а по него следи и ЦЕО-то на Volskwagen, Херберт Дис.

Вака котираат генералните директори според својата репутација


Според оценувањето од 74 новинари од сферата на економијата
Во анкетата спроведена од Институтот за економија Дремер

1-во место за Дитер Цече, Daimler
2-ро место за Џо Кесер, Siemens
3-то место за Карстен Шпор, Lufthansa
4-то место за Харалд Кригер, BMW
5-то место за Каспер Рорстед, adidas
6-то место за Франк Апел, Deutsche Post
7-мо место за Хајнрих Хисингер, ThyssenKrupp
8-мо место за Јоханес Тејсен, E.On
9-то место за Тимотеус Хетгес, Deutsche Telekom
10-то место за Херберт Дис, Volkswagen и Бил Мекдермот, SAP

Претходна објаваAudi е првата автомобилска марка со 3D-конфигуратор
Следна објаваВака ќе звучат електричните автомобили во иднина

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here