Audi е првата автомобилска марка со 3D-конфигуратор

audi 3d konfigurator

Audi е првиот производител на автомобили што користи 3D-приказ за својот конфигуратор. Место статички слики, отсега се гледа анимиран автомобил со перспектива од 360 степени, во реално време. Конфигураторот е достапен на 25 пазари низ светот.

Вклучување на светлата или отворање на вратите и багажникот се само неколку од новите можности што ги нуди 3D-конфигураторот на Audi. Покрај тоа, возилото може да се постави во различни средини, на пример, во зеленилото на Исланд, и може виртуелно да се следи како изгледа отворањето и затворањето на покривот на некој од кабриолетите на Audi.

За првпат може да се погледнат и детали, како што е завршната изработка на украсните површини, или изгледот на вклучените светла кај моделите на Audi

За пристап до конфигураторот нема потреба да се вчитуваат посебни апликации или плагини. Тој е достапен на секој кориснични уред и во реално време. 3D-апликацијата ги користи техниките коишто се вообичаени во видеоигрите.

Audi Visualization Engine функционира на големите европски пазари, како Германија, Велика Британија, Франција и Шпанија, како и во САД и Јапонија. Во иднина се планира преоѓање на 4К-квалитет на приказ, додавање нови природни средини и можност за индивидуално користење на конфигураторот кај дилерите на Audi.

Претходна објаваЛимузински Mercedes A-Class пристига на крајот на годинава
Следна објаваДитер Цече од Daimler со највисок углед од германските топ-шефови

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here