Само петмина работници на Fiat на протестот за Роналдо

jeep renegade melfi fiat

Италијанскиот синдикат УСБ повика на масовен штрајк на вработените во Fiat поради стомилионскиот транфер на Роналдо во Јувентус. Планот доживеа тотално фијаско

Масовниот протест на когошто повика италијанскиот работнички синдикат УСБ во минатата недела беше главна вест и кај највлијателните светски медиуми. Протестот се организираше против скапиот трансфер на Кристијано Роналдо во Јувентус. Фудбалскиот клуб е под контрола на фамилијата Ањели, исто како и автомобилскиот гигант Fiat Chrysler.

Синдикатот реагираше за стоте милиони евра платени за трансферот на фудбалската ѕвезда од Реал Мадрид, во услови кога работниците во Fiat добиваат ниски плати и автомобилите на италијанскиот производител не се продаваат најдобро. Но, повикот на протест наиде на одѕив кај само петмина работници.

Во фабриката на Fiat во Мелфи ангажирани се околу 1.700 работници. Во овие погони на југот на Италија моментно се произведуваат кросоверите Fiat 500X и Jeep Renegade, како и Punto.

Од Fiat Chrysler коментираа дека протестот за скапиот трансфер завршил како целосен неуспех и дека истиот бил организиран од групи коишто не ги претставуваат вработените во компанијата.

fiat роналдо јувентус

Претходна објаваPSA го менува дизајнот на Opel да не личи со Buick
Следна објаваSsangYong со седумгодишна гаранција на британскиот пазар

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here