Opel почнува ново дизајнерско поглавје по преоѓањето во PSA. На постоечкиот стил на моделите на Opel ништо не му недостига, но проблемот е Buick. Половина од неговата моделска понуда се состои од германски автомобили под американско лого
Opel и PSA функционираат пристојно откако германската марка премина во концернот кадешто „лавот“ го има главниот збор. Но, Opel сега ќе воведува комплетно нов дизајн за своите модели, и тоа ќе почне да се реализира уште в година, со претставувањето на новата генерација на Opel Corsa. Марката со молња во маската ја прикажа и шемата, којашто ќе важи за сите идни модели од Риселсхајм.
Шемата ги прикажува главните црти на маската и предните светла, со коишто Opel подобро ќе се вклопи покрај останатите марки во францускиот концерн. Како конкретно ќе изгледаат новите модели на Opel, ќе се покаже преку концептниот автомобил чијашто премиера е потврдена за салоноот во Париз наесен. Дизајнот ќе ја достигне кулминацијата дури во 2025 година, кога ќе почнат да пристигаат моделите на Opel кои целосно се развиени во новиот концерн.
Главниот белег на новото лице на Opel е големата и впечатлива молња. Логото на марката се наоѓа во средиштето на крстот, чијшто вертикален дел го претставува наборот по целата должина на хаубата и попречниот дел во браникот, додека хоризонталниот дел со сочинуваат дневните светла со препознатлива форма. Дизајнот ќе остава појасен и посмел впечаток, симболизирајќи ги традиционалните германски доблести во техниката и во квалитетот на изработката. Opel го нарекува дизајнот „New Germanness“.
Вистинската причина за смената на актуелниот дизајн сепак е друга. Неколку години наназад, марката Buick, којашто по ново е позиционирана како премиум марка во портфолиото на General Motors, буквално го менуваше само логото на Opel со своето и ги продаваше германските автомобили на пазарите во САД и Кина како свои. Сето тоа беше в ред, затоа што Opel и Buick беа дел од истиот концерн.
Германците во меѓувреме го сменија концернот и блискоста со Buick пречи, иако двете марки немаат заеднички пазари. Но, фановите на Opel сепак немаат причина за вознемиреност, затоа што марката досега силно зависеше од американската централа, вклучувајќи го и дизајнот. Тоа што ќе се случува со дизајнот на Opel во иднина, може да биде само добредојдено и автентично освежување на сцената.
Во галеријата издвоивме неколку актуелни модели на Buick, коишто покажуваат јасна поврзаност со моделите на Opel.
[FAG id=33676]

















