Volkswagen ќе паркира 200.000 автомобили на авионска писта

aerodrom ber volkswagen

Воведувањето на новите норми за потрошувачка на гориво ги стави производителите на автомобили на големи маки. Поради одолговлекувањето на хомологацијата, Volkswagen бара привремено паркиралиште за 200.000 автомобили. Решение може да биде еден гигантски аеродром

Долготрајната постапка за хомологација на автомобилите според новата норма за мерење на потрошувачката на гориво WLTP, му донесе проблеми и на концернот Volkswagen. Двесте илјади произведени автомобили мора да мируваат додека заврши процедурата. Во меѓувреме е најдена и огромната слободна површина што е неопходна да се паркираат возилата – Volkswagen го изнајми новиот аеродром Берлин Бранденбург, во непосредна близина на постоечкиот аеродром Шенефелд.

Уште не е утврден датумот кога ќе почнат да се паркираат автомобилите на главната писта на аеродромот во близина на германската престолнина. Аеродромот со код БЕР уште е во изградба, а неговото пуштање во работа се планира дури за 2020 година.

Со планираните шест милијарди евра, БЕР е третата најскапа градба во светот

Големиот берлински аеродром, како замена за Тегел и Шенефелд, требаше да стартува уште пред девет години. Пропусти во изградбата, грешки во плановите и технички проблеми постојано го одложуваа датумот за отворање на БЕР. Неискористениот аеродром уште лани почна да се користи како големо паркиралиште. По стечајот на Ер Берлин, авионите на втората најголема авиокомпанија во Германија стоеја приземјени неколку недели покрај аеродромскиот терминал. Постојат и голем број катни гаражи кои исто така не се користат.

Претходна објаваЛимузината од серијата 1 на BMW се продава и во Мексико
Следна објаваИ на Сицилија почна да се вози Nissan на струја

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here