Harley-Davidson сели производство поради европските царини

harley-davidson-softail-model-lineup

За да избегне поскапување на своите мотоцикли на европскиот пазар, Harley-Davidson ќе пресели дел од производството од САД

Harley-Davidson ќе пресели дел од производството на своите мотоцикли од фабриките во САД поради зголемувањето на царините во ЕУ. На тој начин ќе се спречи поскапување на мотоциклите на европскиот пазар. Зголемувањето на царинската стапка од шест на 31 проценти, би ги поскапело мотоциклите на култната американска марка во просек за 2.200 долари.

Додека не се пресели дел од производството во следните 9 до 18 месеци, Harley-Davidson сам ќе ги подмирува зголемените трошоци. Тоа ќе го чини производителот меѓу 30 и 45 милиони долари, само до крајот на годинава.

ЕУ во петокот реагираше откако владата на Трамп воведе дополнителни оптоварувања за увозот на челикот и алуминиумот во САД. Како одговор на тоа, Европа ги зголеми царините за американското виски, џинсот, пченицата и оризот. На мотоциклите, исто така. Harley-Davidson е првата американска компанија којашто направи јавна процена на последиците од трговскиот конфликт што е поттикнат од Трамп.

Европа е втор најголем пазар за мотоциклите на американската марка, по САД

Од компанијата соопштија дека поскапувањето на мотоциклите на европскиот пазар би предизвикало голема и долготрајна штета врз бизнисот во регионот. Лани во Европа се продадени околу 40.000 мотоцикли од американската марка. Надвор од САД, Harley-Davidson има фабрики во Бразил, Индија и Тајланд.

Претходна објаваГерманците си ја вратија марката Borgward
Следна објаваAbarth 695 Rivale: Шкорпијата напред не е знак, туку е порака

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here