Место регионалната канцеларија во Будимпешта, бизнисот на Opel на украинскиот пазар во иднина ќе го раководи увозникот на PSA во земјата. Од локалното раководење со продажбата и сервисирањето се очекува трикратно зголемување на продажбата веќе в година
Амбициозни планови на Opel за освојување на големиот украински пазар, преку користење на мрежата на групацијата PSA. Од први јануари в година, салоните и сервисите на германската марка ќе станат дел од мрежата на увозникот Peugeot Citroën Ukraine LLC. Лани Opel продал над 400 возила во земјата, а приклучувањето во мрежата на увозникот на PSA се очекува да донесе трикратно зголемување на оваа бројка веќе во следната година.
Француската групација располага со искусен експертски тим во седиштето во Киев и има изградено силна позиција на пазарот во Украина. Моментно со бизнисот на Opel во земјата раководи регионалната канцеларија за јужна и источна Европа, со седиште во Будимпешта. Таа е воедно одговорна и за македонскиот пазар.
Директорот на Opel за интернационална продажба, Вилијам Мот, гледа со голем оптимизам на иднината на марката во земјата: „Новиот деловен модел ќе ја зголеми нашата ефикасност и конкурентност во Украина.“ Тој очекува дека локалното раководење со бизнисот на Opel во земјата ќе доведе до поатрактивна понуда и подобро услужување на клиентите.
















