Nissan ќе користи суперцврст челик за новите модели

nissan celik 980 mpa

Nissan ќе користи челик со ултрависока цврстина за поголем број модели во својата понуда. Тоа овозможува одредени компоненти од каросериската структура да се изведат со помала дебелина, што значи и пониска тежина

Речиси сите автомобили од актуелната генерација користат некој вид челик со висока цврстина во помал или поголем обем. Но, цврстината е проблем кога од материјалот треба да се изведат комплексни структури.

Nissan е прв автомобилски производител кој вгради челик со цврстина од 980 мегапаскали, но таков што лесно се обликува. Партнер во развојот беше корпорацијата Nippon Steel & Sumitomo Metal. Нивната челична ламарина може да се пресува на ладно, што одговара за масовното производство и ја држи цената во граници.

Моментно само еден модел на јапонскиот производител го користи новиот челик, Infiniti QX50. СУВ-моделот од премиум марката на Nissan стартуваше со продажба во САД во март. Тој е првиот автомобил во светот, со носечки структури во предниот и задниот дел од каросеријата коишто се изработени од ултрацврст челик од 980 мегапаскали. Nissan најавува дека ќе го користи овој материјал и за останатите модели.

На челик со ултрависока цврстина отпаѓаат 27% од тежината на Infiniti QX50

Планот на Nissan е емисијата на СО2 од новите возила до 2022 година да се намали за 40% во споредба со почетокот на милениумов. Користењето челик со ултрависока цврстина е една од мерките што се применуваат во таа насока, со план овој челик да достигне удел од 25% во вкупната тежина на компонентите што Nissan ги вградува во своите автомобили.

Претходна објаваVolvo има големи планови со фабриката во САД
Следна објаваПоради дизел скандалот: Златен волан нема да се доделува годинава

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here