Во казнувањето на возачите кои ја пречекоруваат доволената брзина по магистралните и регионалните патишта низ Франција, во иднина ќе учествуваат и приватни фирми, покрај полицијата. Во автомобилите на приватните фирми за обезбедување се вградуваат преносни уреди кои автоматски ја мерат брзината на возилата што се напред или назад.
Целта на соработката е преку мобилните радари да се зголемат приходите во државната каса. Автоматските радари моментно ја полнат касата со околу 900 милиони евра. Во следните две години, радарските контроли на сообраќајот би требало целосно да ги преземат приватните фирми за обезбедување.
До 2020 година по патиштата низ Франција ќе контролираат близу 400 возила на приватни фирми
Моментно е во тек пробната фаза, којашто се одвива во регионот на Нормандија. На постоечките пет возила опремени со мобилни радари, во текот на летово ќе им се придружат уште дваесетина. До почетокот на следната декада, над 380 возила со радари на приватните фирми ќе возат по патишатата низ цела Франција.
Возилата со мобилни радари се непрепознатливи по патиштата; предната камера е сокриена зад регистерската таблица, додека камерите што снимаат зад возилото личат на големи звучници
Досегашната контрола повеќе се сведувала на случајност. Полицијата ги користела мобилните радари само по час и половина на ден. Тоа ќе се смени драстично во иднина, затоа што приватните фирми ќе работат по осум часови дневно, вклучувајќи викенди и празници.
Радарите се сокриени зад регистерската таблица, дисплејот во кокпитот изгледа како голем уред за навигација, а камерите што снимаат зад возилото личат на звучници. Возниот парк ќе се состои од обични возила. Високи перформанси што се впуштаат во лов по брзите автомобили се непотребни. Напредната техника регистрира сé.
Здруженијата на возачи во Франција бурно реагираат на идејата приватници да ги ловат прекршителите
Место возач и совозач којшто ќе ракува со техниката, во возилата на приватните фирми е доволен само возачот. Новите автоматски радари ги регистрираат брзинските пречекорувања, кординатите, времето, а сето го документираат и со слика. Сите овие податоци потоа се пренесуваат директно до центарот за сообраќајни прекршоци во Рен.
Бркотниците по француските патишта прво асоцираат на „Такси“. Сценаристите веројатно ќе ја адаптираат сцената со мерењето на брзината за следото продолжение на филмот
Француските здруженија на возачи бурно се спротивставија на приватното гонење на прекршителите во сообраќајот. Таканаречената Лига за одбрана на возачите на автомобили покрена петиција со којашто собра илјадници потписи, додека здружението „40 Милиони возачи на автомобили“ поднесе жалба до државниот совет, наведувајќи дека целта е само да се зголеми приходот во државната каса.
На овој радар ништо не му бега од погледот
General Motors си купи фирма за ласерски радари
Chevrolet без волан и педали пристига во 2019 година
Зошто (не) ги почитуваме сообраќајните правила
Колку чинат сообраќајните прекршоци во странство


















