Со пробните возења во Велс завршува беспоштедното тестирање на купето од новата серија 8 на BMW, по што преостануваат само уште салонската премиера и стартот на продажбата. Техничарите имаат задача да ги преземат завршните дотерувања на погонот и на подвозјето, со особено внимание на BMW M850i xDrive Coupe.
Топ изведбата на луксузното купе добива комплетно нов мотор V8, активна блокада на диференцијал во задната оска, спречување на навалувањето на каросеријата и интегрално активно управување. Сето тоа има за цел да постигне врвен спој меѓу возна динамика и комфор за возење на долги релации. Гран туризмо од најпрефинетиот вид.
Новиот V8 на BMW располага со 68 КС повеќе во споредба со претходикот
Новиот осумцилиндарец располага со 530 КС и вртежен момент од 750 њутнметри. Тоа е за 68 КС повеќе во споредба со претходникот. Највисокиот вртежен момент се постигнува при 1.800 вртежи во минута, а моќта се пренесува до сите тркала преку осумстепен спортски автоматик Steptronic.
Продажбата на новата серија 8, наследничка на легендарното купе од 1990-те години, стартува со продажба веќе годинава.
BMW ги скусува трошоците за франкфуртскиот ИАА: Има подобри места
BMW сака сите овие предмети да ги продаде со автомобилот
BMW продаде 30.000 електрични автомобили до март
Дизел скандал и во BMW: Сервисен повик за 11.000 возила


















