Првиот човек на Dacia ја презема контролата над Lada

Ив Каракацанис pretsedatel avtovaz

Сегашниот извршен директор Николас Мор ќе ја задржи позицијата до 31-ви мај. Натамошната функција на Французинот ќе биде потпретседател на групацијата Renault, раководител за регионот на Евроазија и потпретседател на советот на директори на Avtovaz.

Ив Каракацанис моментно е генерален директор на групацијата Renault во Романија, а воедно и прв човек на Dacia, најголема приватна компанија во земјата и една од најбрзо растечките марки во Европа. Пред да го преземе раководењето со бизнисот во Романија, Каракацанис бил заменик директор за Евроазија и директор во секторот за набавки во групацијата Renault. Тој почнува да работи во компанијата во 1992 година.

Русите очекуваат новиот шеф да продолжи со оптимизација на оперативните трошоци и на цените од добавувачите, како и на обновување на моделската понуда на Lada. Групацијата Renault ја поседува главнината од акциите во Rostek Auto BV, под чијашто контрола е Avtovaz. Во групацијата спаѓаат Renault, Dacia, Renault Samsung Motors, Alpine и Lаda.

Нови автомобили од Lada повторно се возат во Куба

Која е оваа Lada што сите ги остава вчудовидени?

Lada распали со новитети на салонот во Москва

Роден во Русија израснат во Луксембург: Електричен скутер Ujet

Руски „партизан“ против шминкерските теренци

Руско комбе доаѓа со фабрички вграден тетрис

Претходна објаваЕУ бара подобра заштита на купувачите по дизел скандалот
Следна објаваTesla Model 3 паузира од производствените ленти

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here