Kymco подготвува пазарна офанзива со нов концепт на електричен скутер за следните три години. Тајванскиот производител планира десет модели и изградба на мрежа од полначи за струја во 20 држави. Електричниот скутер ќе се базира врз сустемот на Kymco Many EV, кој во минатиот месец беше претставен на салонот на мотоцикли во Токио.
Главната идеја е во приспособливиот капацитет на батеријата. Како и сите електрични скутери од следната генерација, Kymco поседува отстранлива батерија, којашто возачот може да ја понесе дома или на работа, заради полнење. Но, освен оваа батерија, скутерот поседува и мала батерија, којашто е фиксно вградена во него и овозможува возачот да извози куса тура при итна потреба, додека „главната“ батерија е на полнач.
Kymco очекува да продаде половина милион електрични скутери во следните три години
Со тежината на остранливата батерија од пет килограми може да се живее во секојдневието. Kymco има уште една замисла. Системот Ionex ќе понуди можност за изнајмување дополнителни батерии, коишто ќе се додаваат во просторот под седиштето и со коишто ќе може да се постигне досег до 200 километри.
Покрај тоа што ќе служат за полнење на празните батерии, енергетските станици Ionex ќе овозможуваат и брза и едноставна замена на празните батерии со полни. Секако дека Kymco ќе наплаќа екстра за оваа услуга, односно замената ќе биде поскапа отколку чекањето батеријата да се наполни.
[tie_slideshow]
[tie_slide]
[/tie_slide]
[tie_slide]
[/tie_slide]
[tie_slide]
[/tie_slide]
[tie_slide]
[/tie_slide]
[/tie_slideshow]




















