Теренецот на Ferrari има уште многу време до појавувањето, но еден дел од него веќе работи под полна гас во врвната верзија на теренецот од Модена. Maserati Levante Trofeo доби осумцилиндарец со 590 КС од Ferrari.
Maserati Levante Trofeo доживеа премиера пред публиката на салонот во Њујорк. Врвната верзија на СУВ-моделот на Maserati спринтува до сто за 3,9 секунди и постигнува 300 km/h. Тоа е заслуга на 3,8-литарскиот твин-турбо V8 со 590 КС при 6.250 вртежи и 730 њутнметри меѓу 2.250 и 5.000 вртежи. Погонот на сите тркала Q4 секако дека не недостига во оваа комбинација.
[tie_list type=”checklist”]
-
Со 156 КС на литар, осумцилиндарецот од Маранело има повисока литарска моќност од кој било мотор во модел на Maserati досега
[/tie_list]
Промените во изгледот кај Trofeo се забележуваат во долната половина од предниот браник и во задниот браник. Неколку каросериски додатоци за оптимирање на аеродинамиката се изработени од карбон. Бандажите Orione со пречникот од 22 инчи се најголеми бандажи вградени фабрички во Maserati, достапни во полирана или мат изведба. Достојно за V8, прикажувањето на моќта завршува со четирите овални издувни цевки.
[tie_list type=”checklist”]
-
Под хаубата со два впечатливи отвори за воздух и под карбонската горна облога се наоѓа V8, со глави и издувни цевки бојадисани црвено
[/tie_list]
Инженерите на Maserati го преработија коленестото вратило, брегастите вратила, вградија и нова пумпа за масло и ги прераспоредија каблите, со цел да се ослободи простор за погонот на сите тркала Q4. За постигнувње на 590-те КС се вградија и нови турбополначи, се модифицираа главите на моторот, брегастите вратила и вентилите, клиповите и клипниците.
[tie_list type=”checklist”]
-
Со 3,6 kg/КС, големиот Levante Trofeo спринтува до сто за помалку од четири секунди, но и способен е да запре од 100 km/h за само 34,5 метри
[/tie_list]
Нова програма за возење е „Corsa“ (патека) со електронска помош за брз старт, дополнително на постоечките програми Normal, I.C.E., Sport и Off Road. Во новата програма, моторот реагира уште поагресивно и менувачот префрлува побрзо, воздушната суспензија се спушта, додека Q4 им дозволува поголема слобода на контролата на тракцијата и на ЕЅР, за возачот да ужива повеќе.
[tie_list type=”checklist”]
-
Системот IVC за првпат се користи во Levante и повеќе се грижи да го спречи губењето на стабилноста, отколку да ги поправи грешките на возачот, како што обично прави ЕЅР
[/tie_list]
Седиштата во Trofeo се обложени со скапа кожа „Pieno Fiore“, којашто е особено ценета меѓу познавачите, особено поради патината што ја добива со текот на времето. Во истиот стил продолжуваат и карбонските панели во кокпитот, редизајнираните инструменти, патосниците со лого Trofeo и уникатната изведна на часовникот на Maserati. Музиката стандардно свири преку 1.280 ватно озвучување и 17 звучници од познатиот Bowers & Wilkins.
Производството стартува налето во фабриката на Maserati во Мирафиори, во близина на Торино. Топ-верзијата на Levante е наменета првенствено за прекуокеанските пазари, вклучувајќи ги САД и Канада.
[tie_slideshow]
[tie_slide]
[/tie_slide]
[tie_slide]
[/tie_slide]
[tie_slide]
[/tie_slide]
[tie_slide]
[/tie_slide]
[tie_slide]
[/tie_slide]
[tie_slide]
[/tie_slide]
[tie_slide]
[/tie_slide]
[tie_slide]
[/tie_slide]
[tie_slide]
[/tie_slide]
[/tie_slideshow]
Класичниот мотор на тризабецот на Maserati: Електромотор задолжителен по 2019
Maserati Quattroporte се надмина себеси: Фејслифт за спортската лимузина
Теренецот Levante ќе стане најпродаван модел на Maserati
Првиот автомобил на Maserati се појави пред 90 години
























