BMW привремено го запира производството на неколку свои модели со бензински мотори за европскиот пазар. На овие модели ќе бидат извршени преправки заради усогласување со новиот циклус за мерење на потрошувачката, кој прикажува пореални вредности отколку досега.
Моделските изведби од серијата 7 со бензински мотори ќе отсуствуваат една година од понудата на BMW. Во септември годинава почнува примената на новиот циклус за мерење на потрошувачката WLTP, а во следната година ќе се воведе и мерење на емисијата на штетни материи во реални услови на возење.
Заради исполнување на новите норми и заради вградување на отсега задолжителните филтри за ситни честички во бензинските мотори со директно впрскување, BMW мора да го прекине производството на неколку свои модели за пазарите во ЕУ, во времетраење од неколку недели, а веројатно и месеци. Дизелите и продажбата во Азија и Америка не се вклучени во овој процес.
Бензинците учествуваат со две петини во продажбата на BMW во Европа
Лани на европскиот пазар се продадени околу 3.500 примероци од серијата 7 со бензински мотор. Знаменосецот на BMW лани постигна 60.000 продажби на светскиот пазар. Моделските верзии со бензински мотор учествуваат со 39 проценти во продажбата на BMW во Европа, односно станува збор за околу 400.000 возила.
Останатите производители исто така ќе ги усогласат своите автомобили со новиот циклус. Од Volkswagen најавија дека некои модели ќе отсуствуваат од понудата во одреден временски период.
Производителите на тешки маки поради новите мерења на потрошувачката
















