Volkswagen инвестира 340 милиони долари во теренецот за Америка

volkswagen atlas suv 5 seat

Додека Трамп и Европа имаат жестока препирка околу заканата за воведување високи царини за автомобилите од европските марки на пазарот во САД, од Volkswagen пристига најава за масивна инвестиција во фабриката во Тенеси.

Volkswagen повторно вложува големи суми во својата офанзива со теренски модели на пазарот во САД. За производството на новиот компактен теренец „Made in America“ се инвестираат уште 340 милиони долари во фабриката во Чатануга, во сојузната држава Тенеси.

Најавата за новата инвестиција се случува во време на жестока препирка меѓу ЕУ и САД, откако Трамп се закани дека ќе воведе високи царини за автомобилите од европските производители. Новиот теренец е смалена варијанта на моделот Atlas кој лани стартуваше со продажба во земјата. Во производството на големиот СУВ во фабриката во Чатануга, Volkswagen вложи 900 милиони долари.

Во фабриката во Тенеси се произведува и американската верзија на Volkswagen Passat

Од 2011 година во овие погони се произведува и американската изведба на Volkswagen Passat. Германскиот гигант во моментов има историски најмал пазарен удел во САД и се обидува да ја поттикне продажбата преку лансирање нови модели. Продажбата неколку години бележеше нагорна линија, но доживеа силен пад по избивањето на дизел скандалот.

Претходна објаваАвтономно возило на Uber усмрти пешак во Аризона
Следна објаваПроизводителите на тешки маки поради новите мерења на потрошувачката

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here