Range Rover со две врати само за избрани купувачи

Range Rover SV Coupe

Range Rover SV Coupe е најбрзиот модел во историјата на британската марка. Планиран во серија од 999 рачно изработени примероци, Range Rover се враќа на своите корени кога имаше каросерија со само две врати. Од купувачите се бара соодветно да го наградат производителот за овој чин.

Одделението за специјални нарачки на Land Rover има специјална понуда за клиентите што не сакаат да имаат автомобил како „сите“. Верзијата со две врати од Range Rover ќе се изработи во серија од најмногу 999 примероци. Секој примерок ќе се изработува рачно и точно според налогот и желбите на сопственикот. Со крајна брзина од 266 километри на час, Range Rover SV Coupe станува и најбрзиот модел во историјата на марката. Секако дека и цената не заостанува. Стартот е 240.000 фунти. За мала утеха, производителот ги презема трошоците за одржување во период од пет години.

Range Rover SV Coupe 2

Заедно со уникатниот дизајн на каросеријата, стаклата без рамка и рачките што се вовлекуваат во вратите следи и внатрешност којашто е изработена на најблагородниот можен начин. За првпат во модел на Range Rover се монтираат и бандажи од 23 инчи. За сé да биде различно и посебно, и подвозјето е спуштено за 8 милиметри во споредба со стандардниот модел.

Range Rover SV Coupe 4

Под хаубата работи познатиот V8 со механички компресор и зафатнина од пет литри. Моќноста е доведена на 565 КС, со коишто петметарскиот купе-теренец спринтува до сто за 5,3 секунди.

Range Rover SV Coupe 3

Range Rover Sport P400e може да вози и на батерии

Range Rover Evoque најпопуларен автомобил во премиер лигата

 

Претходна објаваHonda стартува со нарачки за електричниот Urban EV в година
Следна објаваPeugeot 508 ќе им донесе повеќе профит на Французите

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here