Шведскиот производител Volvo продал 40.929 автомобили во февруари, што е за 12 проценти повеќе отколку во истиот месец лани. Во првите два месеци од годинава, продажбата пораснала за дури 17,1 проценти, со вкупно 84.368 возила. Најголемата заслуга за тоа е во стартот на испораките на новиот XC40. Компактниот СУВ настапува во еден од најважните сегменти, во коишто Volvo досега не беше застапен со свој модел.
Најголемиот пораст во продажбата е постигнат на пазарот во САД, кадешто се испораките пораснале за 35,1 проценти, на вкупно 6.383 возила. Купувачите од другата страна на океанот најчесто ги избираат големите теренци XC60 и XC90. Европскиот пазар забележал раст од 8,4 проценти со вкупно 22.509 возила, следи Кина со раст од 11,1 проценти и вкупно 6.531 возила. Volvo во Кина го произведува XC60 и лимузините S60 и S90. Шведската марка е дел од кинескиот концерн Geely, којшто пред неколку денови стана и најголем единечен акционер во Daimler.
Најпродаван модел на глобално ниво е XC60 со 10.309 примероци, пред XC90 со 6.607 и Volvo V40/V40 Cross Country со 6.109 примероци. Новиот Volvo XC40 во февруари постигнал 1.580 продажби, уште пред да биде комплетирана понудата со подостапните моделски изведби.
Volvo XC40 добива трицилиндарски бензинец
Volvo продал за една четвртина повеќе автомобили во јануари
Шведски фамилии ги тестираат роботските автомобили на Volvo
Volvo стартува со производство на XC40
















