Францускиот производител Handpresso постигнува револуција во автомобилизмот, нудејќи го првиот апарат за еспресо за користење во автомобил – таков што користи капсули. Уредот мошне инвентивно е наречен „Auto Capsule“, се приклучува на 12 волти и местото му е во држачот за чаша во средишната конзола. Еспресото е готово експресно, за две и пол минути.
Од техничката опрема, Handpresso Auto Capsule поседува електронско покажување на нивото на вода и можност за претпрограмирање, со одложување од пет минути. Препорачаната цена од производителот изнесува 195 евра. Уредот моментно може да се нарача единствено преку интернет страната на производителот.
Кафе како погонско гориво за лондонските автобуси
Оваа тркачка Toyota вари кафе за 170 спанковци
















