Некој подарува McLaren за Денот на вљубените…

McLaren 570S Spider Valentine

Овој McLaren 570S Spider во црвена боја е подготвен за романса на Денот на вљубените. Тој ќе ги извози своите први километри токму денес.

Изработен исклучиво рачно во „работилницата“ во Вокинг, овој McLaren 570S Spider е сон за авто-ентузијастите, со карбонската конструкција, средишно вградениот V8 и спојот од екстремни перформанси и луксуз, кој одлично му успева на овој производител пребеган од мотоспортот. Но, овој конкретен примерок од родстерот е добар и на око, а уште повеќе за срце, со најскапата црвена боја што може да се нарача од McLaren и со црвено-црн ентериер во најпедантната изработка што може да ја изведе McLaren. Сопственикот нарачал уште неколку екстра детали во црвена боја – затоа што го подготвувал автомобилот како подарок за Денот на вљубените.

Дури и гумите на овој McLaren 570S Spider имаат детали во бојата што се поврзува со Денот на вљубените

Кожа, алкантара и карбон проигруваат низ кабината. По специјална нарачка се изведени карбонските прагови, црвените безбедносни ремени, кожата на воланот, исто како и црвените сопирачки клешти или гумите Pirelli P Zero, од специјалната „колор-едиција“.

Душата на автомобилот е 3,8-литарски V8, со когошто 570S Spider спринтува до сто за 3,2 секунди, до двесте за 9,6 секунди и продолжува до 328 km/h. Со спуштен покрив, Spider ќе постигне 315 km/h. Тоа сигурно би било единствено чувство. Сигурно е единствено и чувството кога паричната противвредност за автомобилот треба да се префрли на сметката на McLaren.

[FAG id=30765]

Претходна објаваПроизводител на правосмукалки ветува три електрични автомобили
Следна објаваMercedes C-Class во поддотерано издание за салонот во Женева

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here