Во Калифорнија не се произведуваат и возат само електрични автомобили, туку очигледно има поклоници и на традиционалниот погон. Доволни се само пет. Во толку примероци ќе се произведе Rezvani Beast Alpha X Blackbird.
Бизнисот со екстра мали серии не познава кризи. Последен доказ за тоа е Rezvani Beast Alpha X Blackbird, со свои 700 КС. Компанијата стартуваше во 2014 година во Оринџ Каунти, Калифорнија. Планот беше да се конструираат и произведуваат чистокрвни спортски автомобили. Не е далеку од тоа Rezvani да се нарече „американски Lotus“.
Сите модели се конструирани и дизајнирани во САД, добавувачи и партнери има низ цел свет. Последниот модел е Rezvani Beast Alpha X Blackbird, со цена од 225.000 долари или околу 180.000 евра. Името, барем едно од многуте, инспирирано е од борбениот авион Lockheed SR-71 „Blackbird“.
Кусото меѓуоскино растојание ветува голема забава при ловеќе свијоци
Со каросерија долга 4,14 метри и меѓуоскино растојание од само 2,35 метри, „црната птица“ тежи само 950 килограми. Со 2,5-литарски мотор кој е дотеран во Cosworth и доведен до 700 КС, Alpha X Blackbird спринтува до 60 милји на час за 2,9 секунди. Моторот ги испорачува своите њутнметри до секвенцијален менувач. По желба може да се добие шестстепен мануелен менувач.
Дизајнот на карбонската каросерија носи потпис на Самир Садиков. Посебен детал се линиите во светлозелена боја на делови од каросеријата. На списокот на опции не отсуствуваат и карбонски сопирачки.
Од Beast Alpha X Blackbird geben ќе се изработат само пет примероци. Еден веќе е испорачан на шампионот во боречки вештини и актер Рампејџ Џексон.



















