Британската спортска марка е сé поприсутна и сé поуспешна на сцената. На Автомобилскиот фестивал во Париз, McLaren 720S е избран за најубав суперспортски автомобил на годината.
McLaren 720S ја освои титулата за најубав суперспорски автомобил на годината на Автомобилскиот фестивал во Париз. Тоа е уште една награда со којашто се потврдуваат иновативноста, технологијата и возачкото доживување во овој автомобил што се изработува во комплетно рачно производство во Вокинг.
Триесет и третото издание на манифестацијата што е позната и како „автомобилска модна недела“ се одржа во Париз, во присуство на повеќе од 600 гости. Жирито составено од 17 членови од најразлични индустриски гранки го избра McLaren 720S за победник, пред острата конкуренција којашто се состоеше од Aston Martin V8 Vantage, Ferrari Portofino и Porsche Panamera.
McLaren 720S е модел од средината на понудата на британската спортска марка
Како модел од втората генерација на т.н. супер серија на McLaren, 720S одново го интерпретира дизајнерскиот печат на спортската марка, почитувајќи ги сите принципи на аеродинамиката, но без елементи што би ја нарушиле формата на автомобилот. Вокинг го испоралува 720S во три различни спецификации: 720S, 720S Performance и 720S Luxury. Цените за британскиот пазар стартуваат од 208.600 фунти.
McLaren со уште една рекордна година
















