Дамите бараат дилерите да ја поправат услугата во салоните

што очекуватдамите кај дилерите на автомобили

Кога дамите купуваат автомобил, поважен е начинот на којшто им се пристапува, отколку квалитетите на самиот автомобил. Насмевката на персоналот кај дилерите исто така е важна. На целиот персонал.

Глобално истражување открива дека дамите се чувствуваат во подредена положба при купувањето автомобил. Преку анализа на 64.000 оцени е дојдено до податокот дека 43% од дамите не ѝ веруваат на автоиндустријата и го опишуваат искуството поразлично од мажите.

Меѓу десетте најчести зборови со коишто дамите го опишуваат чувството во автосалоните се наоѓаат „стресно“, „вознемирено“ и „панично“. Во оцените на услугите и продажбата, повеќето навеле дека се почувстувале „несигурно“ или „глупаво“.

Анкетата покажува во колкав обем дамите се чувствуваат непријатно во салоните на дилерите

Дамите не само што сочинуваат голем дел од потенцијалните купувачи, туку сé почесто решаваат и околу изборот на автомобилот. Авторите на анкетата сакаат на овој начин да им укажат на дилерите колку е важно на дамите да им се пристапи на вистинскиот начин при купување возило.

Во поглед на очекувањата во автосалонот, ставовите на дамите и мажите се согласуваат околу барањето „чесен пристап“ и „помош од персоналот“. Мажите во своите оцени биле посветени првенствено на самиот производ, додека дамите придаваат повеќе внимание на однесувањето на персоналот – со забелешка дека повеќето дилери мораат да го преиспитаат начинот на којшто им пружаат услуги и им продаваат на дамите.

При наведувањето на позитивните искуства, понежниот пол наведува „сочувствување“, придружено со зборовите „мило“ и „грижливо“. И во продажбата и во услугите, жените наведуваат дека насмеаниот персонал, вклучувајќи ги и лицата што не учествуваат во разговорот, придонесува за создавање позитивно чуство.

Експертите им го препорачуваат следното на дилерите:

  • Воспоставете контакт со поглед и насмејте се – тоа помага за создавање доверлива и долготрајна соработка
  • Откријте што им е важно кај следниот автомобил – слушањето и разбирањето е нагласено во позитивните оцени
  • Убедете со знаење – преку објаснувањето на проблемите се надминува загриженоста и му олеснува на купувачот
  • Редовно соопштувајте ги новините во работењето – во повеќето позитивни оцени е наведен зборот „постојаност“ во комуникацијата со дилерот
  • Обезбедете гостопримлива средина – деталите се важни:
    – Чисти тоалети
    – Интернет
    во чекалната
    – 
    Детско катче
    – Бесплатен п
    ијалок
    – Многу материјал за читање
  • Создавајте таргетирани реклами – издвојте ги пораките до дамите

На изненадување на дамите, голем број од дилерите веќе постапуваат правилно.

Претходна објаваКинески производители се откажуваат од обични мотори по 2020
Следна објаваКолку чини користен Bugatti Veyron

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here