за

Колку чини користен Bugatti Veyron

bugatti veyron продажба користено

Bugatti Veyron е вицешампион меѓу најбрзите сериски автомобили. Од „нормалната“ купе изведба се произведени само 250 примероци, возењето на крајна граница е можно само на неколку затворени патеки. Еден примерок од хиперавтомобилот се појави на наддавање.

Bugatti Veyron се најде и на оглас за продажба. Тој што ќе понуди највисока сума на онлајн-продажбата ќе биде нов сопственик на мулти-екстремниот автомобил. Вредноста на наддавањето се очекува да достигне 1,5 милион евра.

На платформата за наддавање netbid.com обично се наоѓаат понуди од претпријатија кои ги нудат на продажба своите индустриски постројки и машини, како и движни и недвижни добра. Извесниот Bugatti Veyron 16.4 е во приватна сопственост и секако дека се наоѓа во беспрекорна состојба.

Десет ладилници за одржување на температурите во Bugatti Veyron

Во моментот кога се појави, Veyron беше најбрз сериски автомобил во светот. Меѓу другото. Неговите податоци импресионираат подеднакво и денес. Мотор со 16 цилиндри, моќност од (најмалку) илјада и една коњска сила, вртежен момент од 1.250 њутнметри, крајна брзина 407 km/h и забрзување до сто за 2,5 секунди.

Француската марка официјално наведува дека моќноста на Veyron изнесува над 1.001 КС. Реалната моќност на произведените примероци се движи меѓу 1.030 и 1.060 КС. Поради екстремната моќност е неопходно и екстремно ладење. Автомобилот над автомобилите располага со десет ладилници, од кои три се за моторот.

Околу заработката од 200.000 евра нема ништо. Не постои примерок од Veyron што е продаден по основната цена од 1,3 милион евра. Во просек, секој примерок се продавал по повеќе од два милиони евра. Volkswagen губеше двојно по толку од секој продаден примерок. Или подобро кажано, подарен примерок.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

што очекуватдамите кај дилерите на автомобили

Дамите бараат дилерите да ја поправат услугата во салоните

iveco daily blue power ван на годината

Чист издув му донесе на Iveco Daily титула на ван на годината