Електричниот i3 не му носи доволно заработка на BMW

bmw i3 стоилјади примероци,

Во фабриката на BMW во Лајпцих е произведен 100.000-от примерок од i3. Тоа е причина за прослава, но не премногу. BMW не заработува доволно од малечкиот електричен автомобил. Шефот Кригер се надева на подобри времиња.

Во фабриката на BMW во Лајпцих денес се прославуваше производството на стоилјадитиот примерок од BMW i3. Електричниот компакт постигна одличен успех на пазарот, но за шефовите во Минхен не е сé толку сјајно. Куќата заработува релативно малку од продажбата на малечкиот електричен автомобил.

Првиот човек на марката, Харалд Кригер гледа подобри времиња за електричните автомобили. Технологијата на батериските ќелии напредува постојано и ветува натамошно намалување на цената на производство во видно време.

Сопственото производство на електромотори му носи голема заштеда на BMW

Голема предност е тоа што електромоторите се од сопствено производство. Со тоа се избегнуваат десетте проценти маржа што инаку би ги барале производителите на електромотори. Кригер не открива колкава е продажната маржа за електричниот пулен на марката.

Уделот на електричните автомобили е речиси незначителен во вкупната продажба на марката. Во првите девет месеци баварците продале 1,8 милион возила. Електричниот i3 учествува со само 22.200 примероци во оваа бројка.

Електричарот повеќе се бара на странските пазари, отколку во Германија. За девет месеци, на домашниот пазар се продадени 3.100 примероци од i3. Многу повеќе примероци од тоа се продаваат во Норвешка, САД и Велика Британија.

Производството на компактниот електромобил започна во 2013 година. До 2025 година под сино-белата марка ќе возат 25 модели со електрифицирана погонска спрега, од кои 12 со батериски погон и 13 плагин-хибриди.

Претходна објаваFiat 500 се појави на сребрена монета од пет евра
Следна објаваMazda Kai ја најавува новата тројка за 2019 година

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here