На обичен голф му се потребни 11,9 секунди да забрза до сто и крајната брзина му изнесува 180 km/h. Овие десет комбиња или минибуси го можат сето тоа многу подобро, а некои и во стил на луксузен крстосувач. Тоа се десетте најбрзи патнички комбиња.
Една сосем неважна ранг-листа на најбрзи патнички комбиња, но листа којашто сепак ќе ги заинтересира сите. Кои се осмо или деветоседите што постигнуваат највисока брзина? Тоа сигурно не е првото, па ниту второто прашање што човек ќе си го постави при купување возило од овој сегмент, коешто речиси го досега лимитот на возачка дозвола од Б-категорија.
Можеби брзината и не е толку неинтересен податок, колку што се мисли. Неколку патнички комбиња, кои инаку имаат и своја „тешка“ товарна верзија, постигнуваат крајни брзини над 200 километри на час. Најбавниот во топ-десетката вози само 170 km/h. Тоа е побрзо од повеќето градски автомобили. Штом постојат, за овие брзи моделски изведби очигледно постои интерес на пазарот.
Кога целиот свет се врти околу брзината, ете ги 10-те најбрзи патнички комбиња
Брзината во овој случај е само производ од изобилната моќност, таа не е целта. Важна е динамиката во возење, леснотијата да се следи темпото на третата лента по автопат. Сите имаат интерес да стигнат побрзо. Превозниците можеби ќе извлечат некоја тура повеќе на ден, на патниците ќе им остане повеќе време за бизнис или уживање – или за комбинација од обете.
Импресивни се и вредностите за забрзувањето. Ќе погодите дека на најбрзите им се потребни помалку од 10 секунди да спринтуваат од место до сто километри на час. Но, 8,7 секунди? Некои мобилни деветседи навистина можат да приредат непријатни изненадувања доколку се најдат предизвикани на семафор. Со три десетинки предност, најдобриот спринтер во топ-десетката му бега за речиси две должини на возило на најблискиот до него.
Тоа се импресивни перформанси, кога ќе се земе предвид дека повеќето модели во класата тежат два тона во старт и подготвени се да истрпат товар од уште еден тон
Вообичаено за сегментот на доставните возила, производителите нудат најразлични изведби. Каросериите најчесто се достапни во три различни должини, а постојат и варијации во висината на покривот, како и во изведбата и бројноста на страничните врати.
Разновидноста нема крај: Верзии за најрудиментален превоз на патници, комфорни, луксузни или ексклузивни верзии, изведби за кампување и ноќевање, за авантуристи. Volkswagen е шампион во тој поглед, со четирите различни изведби на T6. Транспортерот е достапен во верзија на патничко комбе, во комфорна верзија Caravelle, како приспособлив Multivan и во камп-изведбата California. Повеќето производители во меѓувреме ја проширија понудата по истата основа.
Volkswagen T6 единствен со бензинец и тоа како врв во понудата
Неверојатно е тоа што моментниот избор на пазарот брои 1.000 основни моделски изведби. До импресивната бројка се доаѓа кога ќе се земат превид и опциите во погонската спрега, односно можност за избор на менувач со двојна спојка или автоматски менувач, како и погон на сите тркала.
Сите овие таленти на специјалистите за брз превоз треба соодветно и да се наградат во некои случаи: Педесет илјади евра за Mercedes V-Class, когошто познавачите со право го нарекуваат S-Class меѓу комбињата. Топ-моторизираните верзии на останатите модели обично стартуваат од околу 30.000 евра. Вообичаено, цените ги наведуваме за германскиот пазар, затоа што секогаш се достапни и ажурирани.
Ова се десете најбрзи патнички комбиња, почнуваме од шампионот:
1 · Mercedes Vito Tourer 119 Compact Base 7G-Tronic Plus
Мотор дизел, 2143 ccm Моќност 190 КС, 440 Nm при 1400/min Погон и пренос Назад, 7-степен автоматски менувач Димензии 4895 х 1928 х 1890 mm Празно возило 1990 kg Носивост 810 kg Забрзување 0-100 km/h 9,0 s Крајна брзина 206 km/h Потрошувачка (град) 6,6 l/100 km Цена (Германија) 41.222 евра
2 · Mercedes V 250 d Compact 7G-Tronic Plus
Мотор дизел, 2143 ccm Моќност 190 КС, 440 Nm при 1400/min Погон и пренос Назад, 7-степен автоматски менувач Димензии 4895 х 1928 х 1890 mm Празно возило 2120 kg Носивост 680 kg Забрзување 0-100 km/h 9,1 s Крајна брзина 206 km/h Потрошувачка (град) 6,6 l/100 km Цена (Германија) 49.980 евра
3 · Volkswagen T6 Caravelle 2.0 TDI BMT Trendline
Мотор дизел, 1968 ccm Моќност 204 КС, 450 Nm при 1400/min Погон и пренос Напред, 6-степен мануелен менувач Димензии 4904 х 1904 х 1990 mm Празно возило 1917 kg Носивост 1163 kg Забрзување 0-100 km/h 9,0 s Крајна брзина 203 km/h Потрошувачка (град) 7,6 l/100 km Цена (Германија) 45.333 евра
4 · Volkswagen T6 Caravelle 2.0 TSI DSG Trendline
Мотор бензин, 1984 ccm Моќност 204 КС, 350 Nm при 1500/min Погон и пренос Напред, 7-степен менувач со двојна спојка Димензии 4904 х 1904 х 1990 mm Празно возило 1908 kg Носивост 1172 kg Забрзување 0-100 km/h 8,7 s Крајна брзина 202 km/h Потрошувачка (град) 11,4 l/100 km Цена (Германија) 45.648 евра
5 · Ford Tourneo Custom 310L1 2.0 TDCi Trend
Мотор дизел, 1995 ccm Моќност 170 КС, 405 Nm при 1750/min Погон и пренос Напред, 6-степен мануелен менувач Димензии 4972 х 1986 х 1984 mm Празно возило 2231 kg Носивост 909 kg Забрзување 0-100 km/h – s Крајна брзина 180 km/h Потрошувачка (град) 7,2 l/100 km Цена (Германија) 44.209 евра
6 · Opel Vivaro Combi M1 1.6 BiTurbo CDTI ecoFlex Start&Stop L1H1 2,7t
Мотор дизел, 1598 ccm Моќност 145 КС, 340 Nm при 1750/min Погон и пренос Напред, 6-степен мануелен менувач Димензии 4999 х 1971 х 1971 mm Празно возило – kg Носивост – kg Забрзување 0-100 km/h – s Крајна брзина 180 km/h Потрошувачка (град) 6,6 l/100 km Цена (Германија) 34.599 евра
7 · Hyundai H-1 Travel 2.5 CRDi Comfort
Мотор дизел, 2497 ccm Моќност 170 КС, 441 Nm при 2000/min Погон и пренос Назад, 5-степен мануелен менувач Димензии 5150 х 1920 х 1925 mm Празно возило 2290 kg Носивост 910 kg Забрзување 0-100 km/h 14,4 s Крајна брзина 180 km/h Потрошувачка (град) 11,0 l/100 km Цена (Германија) 35.284 евра
8 · Renault Trafic Combi ENERGY dCi 145 Expression 2,7t
Мотор дизел, 1598 ccm Моќност 145 КС, 340 Nm при 1750/min Погон и пренос Напред, 6-степен мануелен менувач Димензии 4999 х 1956 х 1971 mm Празно возило 1882 kg Носивост 888 kg Забрзување 0-100 km/h 11,1 s Крајна брзина 177 km/h Потрошувачка (град) 6,6 l/100 km Цена (Германија) 34.998 евра
9 · Toyota Proace Verso L1 2.0 D-4D Shuttle Comfort Automatik
Мотор дизел, 1997 ccm Моќност 177 КС, 400 Nm при 2000/min Погон и пренос Напред, 6-степен автоматски менувач Димензии 4959 х 1920 х 1890 mm Празно возило 1703 kg Носивост 1022 kg Забрзување 0-100 km/h 10,1 s Крајна брзина 170 km/h Потрошувачка (град) 6,1 l/100 km Цена (Германија) 43.000 евра
10 · Citroen Spacetourer M BlueHDi 180 Start&Stop Business EAT6
Мотор дизел, 1997 ccm Моќност 177 КС, 400 Nm при 2000/min Погон и пренос Напред, 6-степен автоматски менувач Димензии 4956 х 1920 х 1950 mm Празно возило 1730 kg Носивост 1040 kg Забрзување 0-100 km/h 10,1 s Крајна брзина 170 km/h Потрошувачка (град) 6,1 l/100 km Цена (Германија) 39.690 евра






























