Токио ветува уште еден возбудлив автосалон, како што јапонските марки ги најавуваат своите новитети. Toyota ќе прикаже автомобил за „фино комфорно возење“, кој не користи батерии, но затоа работи на водород.
Здодевната атмосфера од салонот во Франкфурт, со многуте (полу)концептни автомобили од производителите што допрва го откриваа електричниот погон – во време кога низ светот кружат над еден милион автомобили со погон на батерии – со сигурност нема да се повтори во Токио. Јапонците не само што одамна го имаат совладано овој погон, туку веќе се подготвуваат за следната фаза.
Toyota Fine-Comfort Ride, како што официјално се води најновиот концептен автомобил на првенецот во браншата, со право се води како концепт, со радикалниот дизајн. Целата сензација не се сведува на присуството на електромотор во возилото, туку на обидот да се измисли „нова форма на лимузина од премиум класа“. Според тоа, овој Fine-Comfort Ride е визија за S-Class од некоја блиска иднина.
Според Toyota, луксузната лимузина на иднината е ван – со водороден погон
Идејата е во тоа да се укаже дека преоѓањето на електричен погон ја става под знак на прашање класичната лимузинска форма. Компонентите за електричниот погон (кадешто се вбројува и водородниот погон) се компактни, конструкторите добиваат огромна флексибилност. Класичниот триделен принцип – мотор напред, патничка кабина насреде и багажник назад – ја губи смислата.
Кабината на финиот концепт на Toyota следи форма на дијамант, којашто се стеснува кон опашот во корист на аеродинамичноста, но не одзема од просторот за патниците. Електромоторите се вградени во самите тркала, кои пак се поставени буквално во краевите на каросеријата.
Меѓуоскино растојание од 3,5 метри, при должина на лимузина од средна класа – и тоа се должи на водородниот погон
Ентериерот е изработен со идејата дека возилото не служи „само“ за превоз на патници. Седиштата може да се постават во било која позиција што ќе се замисли. Фино-комфорно-возечката Toyota може да послужи и како канцеларија или како дневна соба со убав поглед.
Покрај нечујната звучна кулиса на водородниот погон и релаксираната работа на самиот погон, треба да се верува кога Јапонците тврдат дека овој автомобил е „престижната лимузина на иднината“.
Резервоарите се полнат за три минути со доволно водород да се минат 1.000 километри до следното полнење гориво. За сето тоа да се реализира, потребни се „само“ уште мрежа од станици за водород и разумна цена на горивото.

















