Станиците за водород поевтини од полначите за струја?

станици за водород

Главната пречка за масовен пробив на возилата со погон на водород е скапата мрежа од станици за точење водород. Една студија тврди дека во подолг временски период, станиците за водород се поисплатливи од полначите за струја за „батериските“ автомобили.

Доколку се гледа на подолг временски период, мрежа од станици за точење водород е поевтина од густо поставена мрежа од полначи за струја. Тоа го докажува студијата на Истражувачкиот центар Јилих во Германија. Услов за тоа е секое четврто возило да поседува погон со горивни ќелии, односно да користи водород како погонско гориво. Сé додека уделот на водородните автомобили не го достигне минимумот од 25%, инвестирањето во мрежа од полначи за батериите на електричните автомобили е поевтино.

Високите почетни трошоци за водородната мрежа произлегуваат првенствено од скапите инвестиции во одржливо производство на водород, како и од складирањето на гасот. Кога овие проблеми ќе се надминат, водородната мрежа е релативно евтина, затоа што може да ги користи постоечките станици за точење гориво, коишто би претрпеле едноставна модификација. За транспорт на долги растојанија исто така може да се користи постоечката гасоводна мрежа.

Доколку пет електрични возила чекаат во колона на полнач, последното би дошло на ред да ги наполни батериите дури по 2,5 часа – под услов полнењето да трае по половина час

Наспроти тоа, милионски возен парк од електрични автомобили бара огромен број на полначи за струја и соодветно унапредување на струјната мрежа. Дополнителен проблем претставува и (сé уште) долготрајното полнење на батериите. Дури и кога за целосно полнење би бил доволен само половина час, доколку пет возила чекаат во колона, последното би дошло на ред дури по 2,5 часа.

Обата видови на погон, водородниот и „батерискиот“, важат како електричен погон. Експертите ценат дека тие би можеле да опстојуваат паралелно, првенствено поради тоа што се работи за погон кој не испушта штетни материи – доколку и струјата е „зелена“. Покрај тоа, голема предност на водородот е во тоа што може да се користи за акумулирање на прекумерната струја, произведена од обновливи извори.

Претходна објаваToyota има фин концепт за комфорно возење за Токио
Следна објаваРимскиот Колосеум доживеа и електрична формула

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here