Aston Martin со специјална верзија на победничкиот V8 Vantage GTE

Aston Martin Red Bull Soapbox Race

Тркачкото одделение на Aston Martin утре во Лондон ќе прикаже специјална изведба на победничкиот V8 Vantage GTE од 24 Часа Леман. Автомобилот е подготвен да се соочи со предизвиците на „озлогласената“ Red Bull Soapbox Race – трка удолу во провизорно изработени креации што се движат под дејство на земјината тежа.

Само неколкумина од посветениот тим на Aston Martin беа избрани да работат на смалената верзија на V8 Vantage GTE, којашто ќе учествува на „Red Bull Soapbox Race“. Марката што меѓу другото испорачува возила за најпознатиот таен агент во светот, состави специјален тим за утрешната трка – „24 Seconds of Le Ally Pally“, што е најблиску до „24 секунди дворски бум-трес“. Сличноста со 24 часа Леман не е случајна.

Главниот инженер за прототипи во Aston Martin е горд на новиот тркач

За Дејвид Кинг, шефот на тркачкото одделение на Aston Martin, не постоело никакво двоумење околу проектов: „Кога се прифаќа толку голем предизвик, важно е да се ангажира целиото персонал и да се сработи најдобро. Aston Martin постигна голем успех на тркачките патеки со V8 Vantage GTE и оттаму е јасен изборот на дизајнот за нашиот автомобил за оваа трка.“

Aston Martin Racing_Red Bull Soapbox Race 21794

Уште пред повеќе од 104 години, автомобилите на Aston Martin победуваа на ридските трки. Целото ова искуство сега се превртува наопаку. Тие што очекуваат новиот тркач да произведе продорен звук на V8 или V12 ќе се разочараат. Како погон за оваа трка служи силата на земјината тежа. Дизајниран и изработен во седиштето во Њупорт Пагнел, новиот тркач веќе отсега се смета како фаворит на трката.

Победуваат најбрзите и најгласните

За победникот решава брзината, што е сосема јасно, но бодови се освојуваат и со креативноста и со дизајнот. Жирито го оценува и шоуто за публиката. За Aston Martin да брилјира на „Soapbox Race“’, ќе се погрижат победиците на Леман, Дарен Турнер и Џони Адам. За местото зад воланот доброволно се пријави Алекс Самерс, главниот инженер за прототипи во марката.

Aston Martin Racing_Red Bull Soapbox Race 31794

Да им посакаме на овие пожртвувани ентузијасти на Aston Martin барем да стигнат со автомобилот во едно парче до целната линија и да ги извозат 24-те секунди. Трката се одржува утре, гласови за Aston Martin може да се дадат на http://www.redbullsoapboxrace.com/uk/en/team/24-seconds-of-le-ally-pally/.

Претходна објаваLancia Stratos што светот ја познава како „Кочија на боговите“
Следна објаваВо Шкотска вози автомобил што работи на виски

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here