Неколку инженери во фирма за производство на симулатори за возење решија вистински да си „поиграат“ и ја вчитаа популарната игра GTA V во една од нивните скапоцени професионални машини.
Фирмата Force Dynamics произведува симулатори на движење кои го протресуваат возачот во сите можни правци соодветно на виртуелното случување и го пренесуваат во реално доживување. Вработените во фирмата изработија еден вид аркадна верзија на Grand Theft Auto V, ја вчитаа во симулаторот 401CR Motion System и целата оваа авантура ја пренесоа во видеоснимка. Не е дека не треба да им се завидува.
















