Peugeot ја прикажа најспортската изведба на својот компакт 308 на салонот во Париз. Бензинецот од 1,6 литар вози со 205 КС, дволитарскиот дизел со 180 КС.
Стилистите на Peugeot дополнително ја нагласија ширината на каросеријата на 308 со спортски прагови и бандажи од 18 инчи, исполирани до висок сјај. Место на хаубата, логото е во маската. Динамика оддава и внатрешноста на Peugeot 308 GT, со црни облоги во комбинација со црвени штепови, заради контраст. Во истиот стил се обработени и целата табла со инструменти, облогите во вратите, основата на рачката на менувачот и патосниците.
Во согласност со повисоката силина е преработено и подвозјето, додека предните светла користат модули со 62 светлечки диоди. Повеќе за Peugeot 308 GT можете да прочитате тука.
















