Три варијанти на Bentley Mulsanne за Женева

Благородната британска марка ќе го претстави освеженото издание на својот знаменосец Mulsanne во Женева. Покрај него ќе се најде верзија со продолжено меѓуоскино растојание и спортска верзија за сопственици што повеќе го сакаат местото зад воланот.

Луксузната марка на концернот Volkswagen го поддотера звојот знаменосец Mulsanne. Има и уште еден новитет во понудата. На салонот во Женева во почетокот на следниот месец, Bentley ќе го прикаже новиот Mulsanne во три варијанти. Покрај стандардната изведба, на штандот на Bentley ќе се најде и спортскиот модел Mulsanne Speed, а за првпат и верзија со продолжено меѓуоскино растојание и со вообичаено неинспиративна моделска ознака – Mulsanne Extended Wheelbase. Ако досега некому му недостигаше простор на задната клупа на луксузниот крстосувач, сега ќе има на располагање дополнителни 25 сантиметри во оваа варијанта. Сите три моделски изведби ќе стартуваат со испорака налето.

bentley mulsanne newФејслифтот на Mulsanne меѓу другото опфаќа за осум сантиметри проширена маска, нов дизајн на светлата со диодна техника и заден браник што повеќе е извлечен надолу. Промените во формата на хаубата, крилата и браниците ќе ги препознаат само тие што почесто доаѓале во средба со луксузниот крстосувач.

Покрај новите седишта, облоги на вратите и потпирачи за рака, во внатрешноста следуваат уште неколку нови системи за асистенција и мултимедиски системи, вклучувајќи и дисплеј на допир, на што традиционалистите на марката досега упорно се спротивставуваа – но, местото зад воланот сепак е место за шоферот, со исклучок кај верзијата Speed, којашто Bentley им ја посветува токму на сопствениците што сакаат сами да седнат зад воланот.

Во моторот на класичната изведба не се менува ништо, под хаубата и натаму работи познатиот V8 од 6,75 литри со 512 КС. Забрзувањето до сто изнесува 5,1 секунди, а крајното темпо е 296 km/h.

Затоа, пак, спортската верзија Mulsanne Speed настапува со 537 КС, со што спринтот се подобрува на 4,8 секунди, а крајната брзина се искачува на 305 km/h.

Претходна објаваVolvo Amazon: Тој го градеше имиџот на шведската марка
Следна објаваЕкс „фераристот“ Стефано Доменикали е новиот шеф на Lamborghini

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here