Само три автомобили имаат станато „милионери“ за една година

автомобили милион примероци ford f-150

На целиот светски пазар постојат само три автомобили што за една година се имаат продадено во повеќе од еден милион примероци. Можно е наскоро да им се придружи и четвртиот член, а тој нема ништо заедничко со нив.

Серијата пикапи Ford F може до крајот на годинава да се придружи во ексклузивниот клуб на милионери во автомобилскиот свет. Во периодот од јануари до август, американскиот пикап има достигнато продажба од 698.000 примероци. Доколку досегашната продажна динамика се задржи до крајот на годинава, Ford F-Series ќе надмине еден милион испорачани примероци. Тоа досега им има успеано единствено на Toyota Corolla, Volkswagen Golf и Ford Focus.

За разлика од триото светски автомобили, Ford F-Series се продава само во Северна Америка

Очигледно е дека судениот иден милионер нема ништо заедничко со триото компактни модели. За разлика од Corolla, Golf и Focus, коишто се продаваат на целиот светски пазар, пикапот на Ford е достапен исклучиво на северноамериканскиот пазар.

Пикапите од Ford F-Series се наоѓаат на второто место на најпродавани модели во светот во првите осум месеци. Првото место ѝ припаѓа на Toyota Corolla со 830.000 примероци, Golf е на третото место со 574.000 примероци. Силно напаѓаат кинеските автомобили. Миниванот Wuling Hongguang во меѓувреме се искачи на 17-то место со 330.000 продажби, а меѓу најпродаваните 50 модели во светот се наоѓаат уште голем број „кинески“ автомобили, вклучувајќи ги Volkswagen Lavida, Haval H6, GAC Trumpchi GS4 и Volkswagen Sagitar.

Претходна објаваTesla Model 3 запнува во производството
Следна објаваДури 44% од купувачите на автомобил слушаат совет од пријател

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here