Привлечна понуда од Opel: Corsa 1.2 Selection за 9.390 евра

Opel уште еднаш потврдува дека никогаш досега не било поповолно да се купи нов автомобил. Corsa со 1,2-литарски мотор со 85 КС и комплетна опрема се купува по цена на Panda.

Актуелните услови на пазарот, при намалена купувачка моќ на граѓаните и заострена конкурентска битка направија цените на новите и користените возила да паднат на историски најниско ниво. Доказ за тоа е последната акција на Opel во која што Corsa се нуди по цена на автомобил од пониска класа.

Opel-Corsa-268348-medium

Овие сензационални понуди обично премолчуваат дека се работи за модел со основен мотор и основно ниво на опрема, што веќе подолго време не е случај, како на нашиот, така и на соседните пазари. Понудата на Opel Corsa по цена од 9.390 евра вклучува солиден 1,2-литарски мотор со 85 КС и ниво на опрема со клима уред, радио со команди на волан, електрика на предните прозорци, централна брава, темпомат, патен компјутер и две воздушни перници. Акцијата на Opel е со ограничен период и ќе трае до крајот на декември.

Претходна објаваSeat Alhambra на супертест на Auto Bild: 100.000 километри без дефект
Следна објаваПолициски маратон: 83.000 казни за брзо возење во еден ден

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here