Во првите девет месеци од годинава, во Велика Британија се продале преку 20.000 возила со погон на струја и плагин-хибриди, што е зголемување од 138% во споредба со лани. Најпродаван е Mitsubishi Outlander PHEV.
Нацијата што во автомобилизмот се вбројува меѓу „најтркачките“, очигледно се префрлува на поштедливите и порационални варијанти на превоз. Според последните бројки, од јануари до септември годинава на британскиот пазар на автомобили се продадени 20.992 автомобили што се полнат преку кабел, односно дури 138,5% повеќе отколку во истиот период лани.
За популаризацијата на електричните автомобили и плагин-хибридите во голема мера придонела и големата разновидност на модели што се нудат на британскиот пазар. Во моментов возачите во островската земја можат да избираат меѓу 27 електрични или плагин-хибридни модели, почнувајќи од семејни лимузини до спортски автомобили. Особено расте популарноста на плагин-хибридите, кои до септември достигнале повеќе од двојно поголем раст во продажбата, со +226,5%.
Прв на списокот на најпродавани модели со приклучок за полнење на батериите е плагин-хибридот Mitsubishi Outlander PHEV, со 9.303 продадени примероци до септември, пред електричниот Nissan Leaf со 4.285 и BMW i3 со 1.564 продадени примероци.
| # | Марка и модел | Продажба јан.-сеп. 2015 | Продажба јан.-сеп. 2014 |
| 1 | Mitsubishi Outlander PHEV | 9,303 | 2,731 |
| 2 | Nissan LEAF | 4,285 | 2,969 |
| 3 | BMW i3 | 1,564 | 874 |
Британските власти очекуваат околу 5% од новорегистрираните автомобили во 2020 година да бидат модели со ниска емисија на штетни материи, односно околу 100.000 возила. Купувачите во последните години се повеќе ги осознаваат хибридните и електричните возила како можност за намалување на трошоците за мобилност.
Според актуелните цени на електричната енергија во Велика Британија, возењето електричен автомобил чини две пени за милја, што е приближно еден денар за секој извозен километар. Наспроти тоа, автомобил со обичен погон троши десет до 12 пати повеќе за секој километар, односно меѓу 1.000 и 1.200 денари – според британските цени за горивата.

















