Новиот Renault Trafic во римејкот на „Knight Rider“

Со почетокот на продажбата на новиот Trafic, Renault ja лансираше интернет кампањата со римејк на воведната сцена од култната ТВ-серија „Knight Rider“ кадешто се појавува новиот ван на Французите.

Во екот на промоцијата на новиот Trafic, како најпродавано доставно возило на Renault со преку 1,6 милион примероци, марката го објави на интернет видеото коешто е снимено како римејк на воведната сцена од култната телевизиска серија за Мајкл Најт, модерниот херој што е ангажиран од филантропска фондација и за неговото возило опремено со супернапредна технологија.

Верзијата „Trafic Rider“ на Renault е објавена на каналот на марката на YouTube. Во неа, K.I.T.T. и Мајкл Најт се заменети со Мајкл Крафтсмен и Renault Trafic. Целта на видеото е да изгради подинамичен имиџ на возилото и да привлече нов круг на купувачи, настрана од вообичаените деловни корисници.

http://youtu.be/GYifPHX0qh8

Претходна објаваAudi ќе произведе 1,7 милион возила до крајот на годинава
Следна објаваLand Rover Discovery Sport: Специјалистот за теренци го претстави новиот … кросовер

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here