Мобилна апликација ќе го паркира „Мерцедесот“ во иднина

Daimler работи на систем што самостојно ќе најде слободно место и ќе го паркира автомобилот во катните гаражи. Преку мобилна апликација, автомобилот потоа самостојно ќе се враќа до сопственикот.

Во блиска иднина автомобилите самостојно ќе си наоѓаа слободно место во катните каражи и преку мобилна апликација исто така самостојно ќе се враќаат до сопственикот. Тоа е целта на заедничкиот проект на Daimler, Bosch и мрежата за краткотрајно изнајмување автомобили car2go. Тоа ќе претставува револуција во паркирањето. Сопственикот нема да го паркира и да го бара автомобилот на паркинг, туку возилото самостојно ќе се упати до слободното место и на крајот комотно и самостојно ќе му се врати на сопственикот. Ова таканаречено автономно паркирање се овозможува преку катни гаражи со интелигентна инфраструктура и контролен уред од Bosch во возилото, вклучувајќи ја последната генерација на сензори на Mercedes и експертизата на car2go.

Автоматско паркирање пред автоматското возење

Автоматското паркирање ќе стане дел од автомобилите многу порано од автоматското возење, затоа што брзините на возење се пониски и инфраструктурата во катните гаражи го снабдува возилото со информации. Партнерите во проектот го замислуваат следново сценарио: Корисникот резервира автомобил од мрежата на car2go преку паметниот телефон. Кога корисникот ќе се приближи до локацијата кадешто е паркирано возилото за изнајмување, тоа излегува самостојно од гаражата и се упатува точно до местото кадешто чека корисникот. Враќањето на возилото функционира на истиот начин. Возачот само го остава возилото во зоната за преземање пред катната гаража и преку апликацијата на мобилниот телефон го упатува возилото назад во гаража. Инфраструктурата во гаражата го препознава возилото, го стартува и го враќа внатре.

Bosch е задолжен за техниката за инфраструктурата во катната гаража, во којашто се опфаќаат сензори за зафатеност на местата за паркирање, камери и комуникациска техника. Покрај тоа, од Bosch потекнува и комуникациската техника во возилото, којашто управува и со постапката на паркирање и дејствува како интерфејс со компонентите во возилото.

Претходна објаваMitsubishi победник на рели за електрични автомобили
Следна објаваБугарски Passat во трагикомедична сцена пред германската полиција

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here