Улиците на Лос Анџелес пред Денот на благодарноста

лос анџелес денот на благодарноста сообраќај

Лос Анџелес е надалеку прочуен по сообраќајниот метеж. Во подготовките за Денот на благодарноста, метежот го достигнува врвот.

Пет минути чекање во колона пред семафор е многу? Тоа што нам ни се чини како неподнослив сообраќаен метеж е неспоредливо со возењето во други градови и земји. Во Лос Анџелес, на пример, непосредно пред Денот на благодарноста. Ако некој не верува, тука се социјалните мрежи кои директно и најреално ја отсликуваат ситуацијата.

Илјадници автомобили чекаат на патот и ништо не се помрднува. Од видеово не може да следи друг заклучок, освен дека барем половината од жителите на Лос Анџелес решиле во исто време да седнат зад волан – и наишле на тотална блокада.

Оваа улична слика во калифорниската метропола не се создава само за време на празниците, туку честопати и во обични денови. Но, метежот го достигнува врвот пред Денот на благодарноста, кога сите упорно поаѓаат на пат предвреме, за набрзо да сфатат дека погрешиле. Како што известуваат американските медиуми, ситуацијата со празничниот сообраќаен метеж штотуку почнува да се влошува. В недела следи уште поголема блокада на патиштата, кога сите се враќаат дома.

Претходна објаваVolvo стартува со производство на XC40
Следна објаваВистинското возило за загадено Скопје и викенд на Водно

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here