Во земјите низ Европа важат строги казни за возење велосипед под алкохол. Казните во некои земји можат да достигнат и неколку илјади евра. Во Полска, за пијани на велосипед дури следува и затворска казна.
Во повеќето европски држави, дозволеното присуство на алкохол во организмот при возење велосипед изнесува 0,5 промили. Таков е случајот во Белгија, Франција, Италија, Хрватска, Луксембург, Швајцарија и Холандија. Љубителите на вртењето педали можат да си дозволат малку повеќе алкохол во Австрија, кадешто границата изнесува 0,8 промили. Затоа пак, при пречекорување на оваа вредност, следи драстична казна. Австриските власти, за пијани на велосипед можат да изречат парична казна во висина од најмалку 800 евра.
Најстрого е во Полска. Велосипедистите што премногу се занимавале со чашката таму можат да завршат и во затвор. Чешка воопшто не дозволува конзумирање алкохол, во царството на доброто пиво важат 0,0 промили. Кој ќе биде затекнат да вози велосипед во пијана состојба, ќе мора да плати најмалку 380 евра.
Упат за психолошка анализа за пијани велосипедисти во Германија
Граничната вредност е поставена релативно високо во Германија и изнесува 1,6 промили. Но, санкционирање на возењето велосипед под алкохол може да следува и при 0,3 промили, доколку возачот предизвикува опасност во сообраќајот. Генерално, над горната граница следува казна во висина од една месечна плата, одземање 3 бодови во сообраќајниот регистар и упатување на психолошко испитување. Во одредени услови може да се изрече и трајна забрана за возење велосипед.
Во скандинавските држави, во Велика Британија и во Ирска не постои лимит за концентрацијата на алкохол во крвотокот за велосипедистите. Но, возењето е забрането доколку велосипедистот под дејство на алкохол не е во состојба да управува безбедно. При сообраќајна контрола или при сомнително возење, полицајците во Велика Британија можат да наплатат казна во висина до 3.900 евра. Во скандинавските држави е исто како за автомобилите. Висината на казната се одредува во зависност од висината на месечната заработка на прекршителот.
Во нашиот Закон за безбедност на сообраќајот не е точно наведено санкционирањето на возењето велосипед под дејство на алкохол. Според член 362, „Полициски службеник ќе му забрани на лице да управува со велосипед на јавен пат, ако е очигледно дека лицето не е подготвено за тоа“, додека според Член 228 од истиот закон, возачот не смее да управува возило ако е под дејство на алкохол, односно има над 0,5 промили алкохол во крвотокот. Под возило секако се подразбира и велосипед.
Пијани на велосипед: Казни за возење под дејство на алкохол
|
Држава |
Дозволени промили |
Казна во евра |
|
Австрија |
0,8 |
Од 800 |
|
Белгија |
0,5 |
Од 140 |
|
Велика Британија |
Нема (1) |
До 2900 (3) |
|
Германија |
1,6 |
Една месечна плата |
|
Данска |
Нема (1) |
Од 200 |
|
Ирска |
Нема (1) |
До 2.000 (3) |
|
Италија |
0,5 |
Од 530 |
|
Луксембург |
0,5 |
Од 145 |
|
Норвешка |
Нема (1) |
(2) (3) |
|
Полска |
0,2 |
Можна затворска казна |
|
Португалија |
0,5 |
Од 125 |
|
Словачка |
0,0 / 0,5 (4) |
Од 150 |
|
Финска |
Нема (1) |
(2) (3) |
|
Франција |
0,5 |
Од 135 |
|
Холандија |
0,5 |
Од 140 |
|
Хрватска |
0,5 |
Од 65 |
|
Чешка |
0,0 |
Од 380 |
|
Шведска |
Нема (1) |
Од 180 (2) (3) |
|
Шпанија |
0,5 |
Од 500 |
-
Само забрана за возење велосипед, доколку возачот не е во состојба да вози безбедно поради дејство на алкохол
-
Во одделни случаи е можна казна за возење велосипед доколку возачот не е во состојба да вози безбедно поради дејство на алкохол
-
Казната се одредува според висината на месечната заработка
-
Од 1.1.2017: Дозволено 0,5 промили во град и на патека; 0,0 промили на сите останати улици
















