Skoda вчера го претстави новиот модел Karoq, којшто пристига на местото на Yeti. Покрај 500 гости присутни во музејот Артипелаг во Стокхолм, премиерата на новиот кросовер ја следеа над еден милион интернет корисници. За претставување автомобил, тоа е мошне импресивна бројка.
Во музејот Артипелаг во шведската престолнина Стокхолм, синоќа беше премиерно претставен Skoda Karoq. Новиот компактен кросовер пристига на местото на Yeti и ја користи истата техника од Seat Ateca и Audi Q2. Новакот во понудата на Skoda беше претставен пред околу 500 гости, вклучувајќи и голем број светски познати личности. Бројот на интернет-корисници коишто го следеа преносот во живо од претставувањето на Karoq е веројатно најголемото изненадување од овој настан: Повеќе од еден милион корисници.
Вака изгледаше светската премиера на Skoda Karoq
https://youtu.be/rmhPqIxPCUk
















