Боливиските резерви од литиум ќе станат новото „црно злато“

литиум, боливија

Боливија располага со најголеми резерви од литиум во светот. Овој материјал е пресуден за масовниот пробив на електричниот погон. Земјата планира зголемување на експлоатацијата на литиумот. Тоа може да доведе до непроценлив финансиски прилив во јужноамериканската држава.

Боливискиот претседател Ево Моралес гледа златни времиња за својата земја, додека на светскиот пазар нагло расте вредноста на литиумот. Моралес најавува изградба на масовна индустрија за литиум, вредна над 800 милиони американски долари. По завршувањето на пробните тестирања, во следниот период ќе започне со работа голема постројка за ископ на литиум во близина на соленото езеро Ујуни. Тоа е локацијата на којашто се наоѓаат најголемите светски резерви од литиум.

Оваа суровина многумина веќе ја нарекуваат „бело злато“. Литиумот се користи за батерии за електрични автомобили, за акумулациски постројки за вишок соларна енергија и за батерии за преносни уреди.

Литиум досега не се експлоатираше во Боливија, заради зачувување на природните убавини на Салар де Ујуни

На пазарот на литиум досега доминираа Чиле и Аргентина, но Боливија располага со најголеми резерви, коишто се проценуваат на девет милиони тони. Литиумот досега не се експлоатираше, меѓу другото и поради тоа што Салар де Ујуни е најголема туристичка атракција во земјата.

На површина од 40 километри квадратни, во Ујуни моментно е во изградба комплекс за ископ на литиум и калиум хлорид. Вторава суровина се користи како ѓубриво и во нејзината експлоатација веќе е ангажирана една кинеска фирма.

Моралес не сака да им го препушти бизнисот на странските концерни, но ќе им дозволи да учествуваат. Повеќе светски реномирани компании моментно конкурираат за тендерот за изградба на големата постројка за литиум во Ујуни.

Цената за еден тон литиум карбонат на светскиот пазар се зголеми двојно за исклучително кусо време и моментно изнесува 13.000 американски долари. Моралес цени дека литиумот ќе стане новиот земјен гас за Боливија. Тој ја исклучува опасноста од уништување на ретките природни убавини околу најголемото солено езеро во светот. Рудникот ќе се гради на релативно мала површина. Салар де Ујуни покрива површина од преку 10.000 километри квадратни.

Претходна објаваШефот на Continental открива зошто производителите мамат за чистотата
Следна објаваКој смее да има нешто против полициски Rolls-Royce?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here