Повеќе компании се подготвуваат во Боливија да отпочнат со производство на литиум кој ќе се користи за батерии за електрични автомобили. Земјата располага со најголеми резерви од „белото злато“ и експлоатацијата на литиумот ќе ѝ донесе невиден економски пресврт. Боливија е „новата Саудиска Арабија“.
Четири големи компании во моментов имаат отпочнато проекти во Боливија, со цел да ги истражат можностите за експлоатација на наоѓалиштата од литиум. Боливија веќе инвестираше 20 милиони американски долари во пилот фабрики, во коишто се експлоатира металот потребен за изработка на литиум-јонски батерии за електрични автомобили.
Претседателот Ево Моралес најави изградба на голем комплекс за експлоатација на литиум во Салар де Ујуни, најголемото солено езеро во светот. Тука ќе се врши ископ на 30.000 тони литиум карбонат на годишно ниво. Над 800 милиони долари се вложуваат во индустријата за производство на литиум во Боливија.
Претстојната револуција на електрични автомобили бара зголемено производство на литиум
Литиумот е суровината на иднината. Таканареченото бело злато се користи за батерии за електрични автомобили, мобилни телефони, но и во медицинската техника. Во последните години буквално експлодираше цената на литиумот на светските берзи. Еден тон литиум карбонат достигна највисока вредност од 13.000 долари за тон.
Боливија досега немаше голема улога во експлоатацијата на овој метал. Светски лидер е Чиле, чиишто резерви изнесуваат на 7,5 милиони тони. Но, Боливија располага со уште поголеми резерви, кои се проценети на над девет милони тони или повеќе од две петини од светските резерви.
На соленото езеро Ујуни веќе извесно време работи пилот-фабрика за литиум. Големи светски компании во иднина ќе се ангажираат во масовниот ископ на литиум карбонат и во фабриките за производство за батерии. Овој индустриски комплекс ќе покрива површина од 40 километри квадратни. Веќе в година стартува производството на калиум хлорид, којшто се користи како ѓубриво.
Bolivia anticipates a significant investment on lithium https://t.co/XGs6YDf5J2 pic.twitter.com/SXRB5v11tr
— Energía16 – C16 (@GrupoEnergia16) August 9, 2017
https://twitter.com/Geopolitica_BOL/status/894901036317515776
#Lithium rich countries like Bolivia could miss electric battery boom if they don't move to overcome output issues https://t.co/OKfmh4nthi pic.twitter.com/gmrgO3TxhI
— Mining Analysts (@MiningAnalysts) July 14, 2017
Inside Bolivia's long struggle to unlock the world's largest lithium supply https://t.co/2g2pmabvSk pic.twitter.com/yVoYE1E1UA
— Yahoo News (@YahooNews) May 14, 2017
















