Тоа што прешлените се за ‘рбетниот столб на човекот, амортизерите се за возилото. Овие ретко се проверуваат, иако нивната работа е придружена со огромни напрегања. Од лошите амортизери не трпи само комфорот.
Амортизерите работат далеку од погледите и имаат важна улога за безбедноста во возењето, но честопати се запоставуваат. Тие ја носат целата тежина на возилото и се справуваат со рабници на тротоари, ударни дупки и секаков вид нерамнини во подлогата. Особено по транспорт на тежок товар и пред патување на летен одмор задолжително да се провери состојбата на амортизерите.
Неисправните амортизери се меѓу најчестите дефекти што долго остануваат неоткриени. Според експертите што работат на технички преглед на возилата, секое седмо возило во Европа има неисправни амортизери. Точни статистички податоци не постојат, затоа што техничкиот преглед во повеќето земји пропишува единствено визуелна проверка на амортизерите. Но, постојат разновидни дефекти што не можат да се откријат на тој начин.
Истрошените амортизери слабеат постепено и секојдневно, а возачот се „привикнува“ без да го забележи дефектот
Амортизерите се трошат без сопственикот да забележи и тоа претставува голема опасност. Дефектните или расипаните амортизери предизвикуваат „пливање“ на возилото при возењето и лесно можат да доведат до целосно излетување на возилото од патот. Покрај тоа, неисправните амортизери влијаат и врз мачнината при патување, затоа што движењата на каросеријата повеќе не се придушуваат правилно. Од тие причини е неопходно амортизерите да се проверуваат редовно, односно на секои 25.000 километри.
Секој може самостојно да ја провери состојбата на амортизерите. Тоа се врши најлесно со таканаречениот тест на клатење, односно со притискање врз крилата и брзо отпуштање. Ако каросеријата продолжи да осцилира, тоа е јасен знак дека амортизерите се слаби. Во принцип, задача на амортизерите е да го спречат и придушат осцилирањето на спиралните пружини, што најдобро се покажува во овој случај. Овој тест важи само условно кај поновите модели, затоа што повеќето од нив се мошне тешки и пружините се мошне цврсти, така што влијанието на амортизерите може одвај да се почуствува. Други јасни знаци за проблеми со амортизерите се траги од масло на самото тело на амортизерите и нерамномерното трошење на газечката површина на гумите.
















